Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Интензивна акција за чистење и уредување на јавните површини во општината Маврово и Ростуше

Со несмалена динамика се реализира акцијата за чистење и уредување на јавните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со несмалена динамика се реализира акцијата за чистење и уредување на јавните површини во сите населени места, во која се вклучени  екипите на општината Маврово и Ростуше, поддржани со соодветна механизација.

-Акцијата опфаќа темелно чистење на патиштата и сите места каде што се движат граѓаните. Се посветува внимание на секој квадрат,  од кастрење на вегетацијата и чистење на наносите, до поправка на урбаната опрема. Екипите се присутни на терен, со цел да се обезбеди свеж и уреден изглед на секој дел од нашата заедница, рече Фикрет Ибраими, одговорен во секторот за информирање.

Додава дека општината има јасна цел а тоа е чиста и пријатна животна средина за сите жители и посетители. 

Реклама

-Со ангажман на сите расположливи ресурси, работиме на тоа општината да ја дочека пролетта во полн сјај, со што сите ќе се гордееме. Хигиената на јавните простори е наш приоритет и затоа во наредните денови ќе продолжиме со висок интензитет сè додека не се исчисти и последната точка во општината, нагласува Ибраими.

Според него, освен расчистувањето, се работи и на пополнување на ударните дупки на патиштата, со цел побезбеден сообраќај.