Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Започна оценувањето на Лесната пешадиска баталјонска група во рамки на вежбата „Блесок 2026“ во Штип

Во рамки на вежбата „Блесок 2026“, денеска во касарната „Јане Сандански“ во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на вежбата „Блесок 2026“, денеска во касарната „Јане Сандански“ во Штип започна процесот на оценување на Лесната пешадиска баталјонска група, со цел исполнување на НАТО целите на способности. Вежбата, која почна вчера, а ќе трае до 27 април на повеќе локации, е продолжение од серијалот вежби „Македонски Блесок“ и претставува важен чекор во процесот на развој на оперативните капацитети на Армијата.

Главна цел на вежбата е  да се изврши оценување на борбените способности на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ), како и нејзината подготвеност за извршување на оперативни задачи во реални услови.

Потполковник Горан Кимов, кој е директор за оценување на Лесната пешадиска батлјонска група рече дека ЛПБГ ќе биде оценувана согласно со концептот на оценување на борбената готовност на командата за копнени сили на здружената оперативна команда на НАТО. 

Реклама

-Изминатиот период со издавањето на наредбата за оценување на борбената готовност во август 2025 година започнаа подготовките на тимот за проверка и оценување на борбената готовност на баталјонската борбена група. За таа цел тим од 40 сертифицирани НАТО оценувачи беше формирана групата и истите го започнаа повеќе од девет месечниот процес за подоготовка за проверка на борбената готовност. Се разбира целокупниот процес на подготовка беше во координација и корелација со командата на копнени сили и со одредените НАТО монитори за моноторирање на целокупниот процес. Во планирачкиот процес на оценување на борбената баталјонска група беше во корелација со раководството и директоратот на вежбата „Блесок 2026“, која што ќе биде искористена за проверка и оценување на сите потребни критериуми за сертифицирање на баталјонската борбена група-рече Кимов. 

Тој додаде дека  за таа цел подготвени се повеќе 20 настани, а проследени со преку 100 инциденти, кои што ќе ги предизвикаат персоналот од баталјонската борбена група на покажување на својата борбена подготвеност. 

-За таа цел истата ќе биде проверена во седум области, од подготовка и проверка на целокупната документација, проследена со изведување на најразлични операции преку заштитата на силите, заштита на информациите, командувањето и контрола и се разбира најпоследното логистичките капацитети на единицата. Сето тоа ќе биде реализирано во три фази. Првата фаза, која што што туку ја започнавме, а тоа е проверка на подготвеност во касарна, проверка на целокупноста на индивидуалната, колективната и неопходната опрема за извршување на доделената мисија- вели Кимов. 

Тој додаде дека ќе следи проверка и оценување во теренски услови и на крајот третата фаза е завршување на формалниот Извештај за способноста на батолјонската борбена група. Оценката за борбената готовност на ЛПБГ ќе се знае во петок.