Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Манасиевски: Димитријевиќ на средба со бивши функционери од српската опозиција за оформување на опозициски фронт, зад ова стојат Заев и Башановиќ

Александар Саша Димитријевиќ, генералниот секретар на СДСМ, на средба со бивши функционери…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Александар Саша Димитријевиќ, генералниот секретар на СДСМ, на средба со бивши функционери од српската опозиција за оформување на опозициски фронт, организиран со помош на Зоран Заев и Зоран Башановиќ. Димитријевиќ, изминатата недела во Македонија, одржал средба со бившиот министер за образование од Србија, Бранко Ружиќ, кој воедно е и потпретседател на СПС, Социјалистичката партија на Србија, на која било разговарано за спојување на опозиционерите од Србија со СДСМ, за заеднички настап и соработка, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

За да бидат појасни работите, Бранко Ружиќ е политичар кој минатата година беше суспендиран од својата политичка партија, која инаку е во коалиција со партијата на власт во Србија, поради неговите поинакви ставови за работата на истата Влада, во која тој беше министер за образование.

Секако, зад оваа средба и зад овој фронт кој опозицијата од Србија сака да го направи со СДСМ, стои нивниот ПР шеф Башановиќ и врховниот претседател на СДСМ, Зоран Заев.

Реклама

Жалното е што во врвот на СДСМ никако не им доаѓа памет, кој стигне ги користи за свои приватни цели.

Поради лојалноста и послушноста кон Заев, СДСМ преку Филипче и Димитријевиќ ќе одработуваат за опозиција во друга држава.

Наместо да се фокусираат во Македонија, да бидат конструктивна и корективна опозиција, тие се занимаваат со други држави и партиите во истите тие држави. Да потсетиме, Филипче и СДСМ ликуваа на победата на сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ во Унгарија, додека нивната сестринска партија освои 1% од гласовите.

Нашиот совет до СДСМ е помалку да се занимаваат со други држави и со туѓи влади, а повеќе да се фокусираат на македонската политичка сцена, затоа што полека но сигурно стануваат маргинална партија со рејтинг сличен на статистичка грешка.