Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Општините од Источно планскиот регион бараат локација за стационар за бездомни животни

Единаесетте градоначалници на Општините од Источно планскиот регион (ИПР) покренаа иницијатива за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Единаесетте градоначалници на Општините од Источно планскиот регион (ИПР) покренаа иницијатива за решавање на проблемот со бездомните животни, по примерите на двата соседни региони. Градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски, воедно и претседател на Советот на градоначалници на ИПР вели дека за почеток се предвидени околу 100.000 евра, а  со најава оти ќе се обезбедат и дополнителни средства за целосна реализација на проектот. За Општините во Брегалничкиот Регион понудени се повеќе локации за изградба на стационира за бездомни животни. 

– Во моментот работиме за изнаоѓање на локации. Понудена е локација во општина Карбинци, а понудена е локација и во други општини. Оставаме да одлучат проектантите, односно тие да кажат која локација е најпогодна. Тоа за нас не менува ништо, на нас како регион ни е важно да се изгради стационар, каде хумано ќе бидат згрижени бездомните животни-изјави Тоневски. 

Општините од источниот регион проблемот со бездомните животни го решаваат со ангажирање на ветеринарен оператор, кој ги заловува и врши хуман третман на животните. Инаку, Пробиштип за прв пат воведува и дополнителна мерка, стимулирање на сопственици да ги кастрираат своите миленици.

Реклама

-Ние одлучивме оваа година да направиме уште еден чекор во решението на проблемот со бездомните животни, а тоа е да ги стимулираме сите сопственици на домашни миленици да ги кастрираат своите миленици, односно да им помогнеме да ги субвенционираме,  како општина заедно со локалните ветеринарни станици-рече Тоневски. 

Регионални стационари за бездомните животни има во Струмичкиот и Вардарскиот Регион.