Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Здравковски: Тековните економски показатели се значително подобри во споредба со 2022 и 2023 година, Владата внимателно носи одлуки за да се спречи дополнителен раст на цените

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Игор Здравковски изјави дека моменталната инфлација од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Игор Здравковски изјави дека моменталната инфлација од 4,9 проценти е во нормални граници во услови на глобална економска и геополитичка нестабилност и додаде дека токму и Организацијата за храна и земјоделство укажува дека во кризни состојби инфлацијата се движи во рамки од 5 до 8 проценти, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Сметам дека се држиме во овие граници, но разликата е во тоа што Владата ги презема овие чекори, претходно со намалување на ДДВ и акцизите за горивата со цел да се заштити онаа инфлаторна спирала која се произведува со години наназад поради лоши политики, немање производство, намалено производство, намалено земјоделие, благодарение на владата на СДСM“, рече пратеникот Здравковски на гостување на една од телевизиите и додаде:

„Не смееме да носиме избрзани одлуки. Мораме да ги видиме тековите како ќе се движат. Имаме нестабилност на цените на нафтата секаде низ светот каде што нафтата знаеме дека е еден огромен инпут на било кој производ којшто знаеме дека ја дефинира цената. Така што мораме да бидеме претпазливи со она што ќе го донесеме како одлука, и како Влада, и како Собрание за да немаме понатамошни последици и зголемувања“.

Реклама

Здравковски посочи дека тековните економски показатели се значително подобри во споредба со 2022 и 2023 година и укажа дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ внимателно носи одлуки за да се спречи дополнителен раст на цените.

„Ефектот од мерките е многу мерлив преку она што го кажува статистика како податок, 2022 – инфлација на храната е 24,8%, 2023 – 16,8% на храната, 2026 година – 4,9%. Дополнително, во заштита на стандардот на граѓаните не влегуваат само вакви пакет мерки, коишто се времени па после да ги враќаме. Влегува и она што во континуитет се прави, а видовме дека најранливата група, односно повозрасните граѓани на Република Македонија, од овој месец имаат по 7.000 денари плус на секоја пензија во однос на претходните две години“ истакна Здравковски.