Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Почнува проектот за зачувување на загрозените популации на царскиот орел и египетскиот мршојадец во земјава

Македонското еколошко друштво (МЕД) и ЕВН Македонија денеска официјално го одбележаа почетокот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонското еколошко друштво (МЕД) и ЕВН Македонија денеска официјално го одбележаа почетокот на меѓународниот проект „Безбедни жици за загрозени птици“ (101216021 – LIFE24-NAT-BG-EP for Birds LIFE). Преку проектот, кофинансиран во рамките на Програмата LIFE на Европската Унија, во следните пет години ќе се работи на заштита на глобално загрозените видови царскиот орел и египетскиот мршојадец во Македонија, Турција и Бугарија, преку намалување на ризиците од струен удар и судир со постојната енергетска инфраструктура.

– Преку Програмата LIFE, Европската Унија дава поддршка на напорите за заштита на природата, справување со климатските промени и обезбедување подобар квалитет на живот за граѓаните. На овој начин, од 2023 година, институциите, бизнис-секторот и граѓанскиот сектор во Македонија имаат нови можности за пристап до финансирање и зајакнување капацитети, со што директно придонесуваат кон европските цели за животната средина. Овој проект е финансиран токму преку програмата LIFE и поврзува партнери од различни сектори, со цел да се создадат безбедни услови за царскиот орел и египетскиот мршојадец. Заштитувајќи ги нив, ги заштитуваме и нашите економии, нашето здравје и нашата иднина“, истакна Мари-Мадлен Канелопулу од Делегацијата на Европската Унија на претставувањето на проектот во Европска куќа. 

Заменик-министерот за енергетика, рударство и минерални суровини Мирослав Лабудовиќ изрази силна поддршка за оваа регионална соработка меѓу енергетските оператори и научната заедница, истакнувајќи дека енергетската безбедност е неодвоива од еколошката одговорност.

Реклама

– Енергетската транзиција не значи само декарбонизација и модернизација на мрежата, туку и градење одговорна инфраструктура која е во хармонија со природата. Со овој проект Македонија уште еднаш докажува дека е посветен партнер во исполнувањето на строгите еколошки стандарди, обезбедувајќи безбедно опкружување за загрозените видови птици – рече Лабудовиќ. 

Влатко Трпески, раководител на Секторот за природа во Министерството за животна средина и просторно планирање и Национално лице за контакт за Програмата LIFE, потсети дека нашата земја има обврска да го имплементира Зелениот договор на ЕУ до 2030 година, заедно со Европската стратегија за биолошка разновидност.

– Горди сме што први во регионот го потпишавме Договорот за учество во Програмата LIFE на ЕУ, која ни обезбедува нови можности за аплицирање и финансирање на проекти за подобрување на животната средина. Таков пример е токму овој проект кој не е изолиран напор, туку дел од поширока регионална иницијатива која ги обединува земјите од Југоисточна Европа долж миграциските патишта – додаде тој.

Проектот поврзува компании за електродистрибуција и компетентни невладини организации од Македонија, Бугарија и Турција. Македонското еколошко друштво и ЕВН Македонија ќе ги спроведуваат планираните активности на македонска територија, во регионите Овче Поле, Градско, Демир Капија и во Тиквешкиот Регион кои се клучни за размножување, миграција и презимување на царскиот орел и египетскиот мршојадец во земјата.

Оттука, пред присутните се обрати и Волфганг Маиер, Претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија. – За ЕВН Македонија, одржливоста не е само концепт, туку долгорочна стратешка цел. Заштитата на биодиверзитетот е составен дел од нашата визија за отпорен и модерен енергетски систем. Управувањето со мрежата носи двојна одговорност: да обезбедиме сигурно снабдување со електрична енергија за граѓаните, а во исто време да ја заштитиме природата што нè опкружува – изјави тој.

Извршната директорка на Македонското еколошко друштво, Робертина Брајаноска сподели дека МЕД работи на заштитата на природата подолго од пет децении, што отсекогаш значело и соработка со релевантни чинители.

– Соработката со ЕВН Македонија започна уште во 2010 година, кога идентификувавме далекуводи на кои требаше да се постават гнездечки платформи за белиот штрк. По тоа следуваше поставување на десетина куќарки за гнездење на модровраната во Централна и Источна Македонија и на 200 изолатори на опасни далекуводи за птици во Овче Поле. Со овој проект сега, всушност, ја продлабочуваме соработката, за прв пат во улога на полноправни партнери – рече таа. 

Како што посочија од МЕД, детали за проектот соопштија проектните координаторки Хрисанти Ангеловска од ЕВН Македонија и Данка Узунова од Македонското еколошко друштво.

– Проектот предвидува воведување нови технологии за поставување на изолатори долж дистрибутивната мрежа, како и научни пристапи за следење на влијанието на овие мерки за заштита, со што ќе се намалат ризиците од смртност за царскиот орел и египетскиот мршојадец, но и за сите други птици долж миграциските патишта. Како резултат на проектот, ќе биде изолирана и подобрена една четвртина од вкупната електродистрибутивна мрежа во четирите клучни региони – објасни Хрисанти Ангеловска.

Узунова подвлече дека ова е прв ваков LIFE проект во Европа. 

– Со оглед на тоа што електрокуцијата и колизијата се меѓу главните причини за смртност на избраните целни птици, предвидуваме дека на овој начин ќе го намалиме ризикот за смртност од струен удар за 70-90 отсто, а оној од судир со инфраструктурата за 50-70 проценти. Ова, пак, потенцијално ќе доведе до зголемување на гнездечката популација на царскиот орел на долг рок и до подобрување на гнездечкиот успех на националната популација на египетскиот мршојадец – рече Узунова.