Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Петрушевски: СДСM е партија на лагите и конструкциите, живеат во свој свет полн со апсурд и фантазија

Филипче се однесува како Алиса во земјата на чудата, СДСM е партија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Филипче се однесува како Алиса во земјата на чудата, СДСM е партија на лагите и конструкциите, живеат во свој свет полн со апсурд и фантазија. СДСM и Филипче, по поразот на локалните избори на кои дојдоа до 130 илјади гласови, најмалку во нивната историја, излегоа на прес-конференција и велеа дека тоа било одличен резултат, се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСM и Филипче, по стратешкиот договор со Велика Британија, со кој Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја стави Македонија на светската мапа и да биде на иста маса со големите светски сили, од СДСM рекоа дека овој договор бил за мигранти кои ќе дојдат во март или април, и згора на се и пари ќе сме заработеле за истите.

СДС и Филипче, ликуваа на тарифите од страна на САД, кој патем ги доби целиот свет, замолкнаа кога македонската влада потпиша Заедничка изјава со САД и се намалија тарифите.

Реклама

СДСM и Филипче, 7 години беа на власт и не успеаја да го завршат постмониторингот со Советот на Европа, дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт и по помалку од 2 години Македонија го заврши постмониторингот, но според СДСM и Филипче, тие тоа го направиле.

СДСM во земјата на лагите и конструкциите, Филипче како Алиса, живеат во свој паралелен универзум на кој тие се најдобрите, со рејтинг кој се брои на една шака.

СДСM и Филипче треба да се разбудат од сонот кој го сонуваат и да се соочат со реалноста.