Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Поднесено обвинение против судијата Ѓоко Ристов, заѕиданите пари не биле од продадени ниви

Фехми Стафа се спогоди да одлежи  15 месеци затвор и ја помина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фехми Стафа се спогоди да одлежи  15 месеци затвор и ја помина првата ноќ во Шутка, а обвинителите со неговото признание  ги поткрепиле сомнежите дека апелацискиот судија Ѓоко Ристов, незаконски ги стекналч заѕиданите 350 илјади евра.

Стафа како поранешен државен правобранител му барал на обвинетиот во случајот „Синџир“ Љупчо Пецов Ѓаволот вкупно 100 илјади евра мито за да последува кај судијата Ристов за укинување на притворот кој му беше определен во отсуство. Според обвинителите, првата транша од 20 илјади евра била исплатена на 13 декември лани. Стафа беше фатен на лице место со обележаните пари, па барал спогодба за затворската казна.

  • Судот ја разгледа предлог спогодбата и утврди дека се исполнети Законксите одредби од ЗКП, па заради тоа ја верификуваше спогодбата.Имајќи предвид дека странките немаат право на жалба, одлуката станува правосилна веднаш и осудениот уште во текот на вчерашниот ден  е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Скопје – Скопје за издржување на изречената казна“ велат од Кривичниот суд.

Признанието на вина на Стафа, ги потврди наводите дека поткупот бил побаран за  судијата Ристов да издејствува укинување на изречениот притвор, велат од Обвинителството. Иако парите не стигнале до Ристов, претресите во домот на неговите родители открија заѕидани 350 илјадиза кој Обвинителството се соменава дека се незаконски стекнати.

Реклама
  • Парите беа пронајдени спакувани во 13 поединечни пакувања, и тоа вкупно 610 банкноти во апоени од по 500 евра и 225 банкноти во апоени од по 200 евра, од кои дел со обележани рачно испишани износи на средствата, скриени во заѕидан простор во шуплините од цигли во ѕидот на една од собите“ велат од ОЈО за ГОКК.

Огромната сума на пари отвориле сомнежи кај обвинителите дека Ристов од 2020 од кога стана апелацонен судија, лажно давал податоци што и колкав имот поседува тој и неговото семејство, кој впрочем надминувал многу над неговите законски приходи.

  • Имајќи го предвид доказниот материјал за располагање со имотот во периодот од 2020 година до денес, во корелација со начинот искористен за криење на пронајдените парични средства, се обезбедија докази кои укажуваат на обележја и на кривичното дело – Перење пари и други приноси од казниво дело од член 273 од Кривичниот законик“ велат од ОЈО за ГОКК.

Се испитува потенцијална инволвираност и за други, а Обвинителството поднесе обвинение за Ристов до скопскиот Кривичен суд.