Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да се реформираат, СДСМ и Филипче по насока на пропаднатиот ПР тим и преку фалименто соопштенијата, се фокусираат на избори и состојби во други држави

СДСМ со ова партиско раководство предводено од Венко Филипче, нема реална политика,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ со ова партиско раководство предводено од Венко Филипче, нема реална политика, нема реформи, нема ни идеи, ниту пак програма, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Единствено што има е гола пропаганда преку фалименто соопштенија што немаат врска ниту со реалноста, ниту со Македонија. 

Пропаднатиот ПР на Зоран Заев, составен од Башановиќ и Шчекиќ, СДСМ и Филипче ги насочи фокус да им бидат избори во други држави, наместо во партија да прават реформи и промени.

Реклама

Филипче и СДСМ не си го гледаат сопствениот двор полн со неуспеси и порази, како и партијата која се повеќе слабее, туку целиот фокус им и насочен на избори во друга држава, на која нивната сестринска партија освои само минорни 1% процент од гласовите.

По насоките на ПР стратезите, за краток временски период, Филипче и СДСМ успеаја да се скараат со нивни сопартијци, со медиуми, новинари, а сега пробуваат да се скараат и со држави или нивни претставници во државата.

Ваквата дезориентираност, нелегитимност, слабиот рејтинг и дистанцирањето на поранешни функционери од партијата, ги тера СДСМ и Филипче да водат антидржавна политика која, освен на државата не им оди во прилог ниту на нив.

Овие антидржавни политики кои Заев, очигледно, им ги оставил во аманет, Филипче и СДСМ дословно ги исполнуваат. Сето тоа е преточено во соопштенијата и прес-конференциите напишани токму од Башановиќ и Шчекиќ, ги прави да бидат опозиција која на следните избори ќе падне и под биолошкиот праг, со освојување на помалку од 100.000 гласови.

Време е СДСМ и Филипче да се освестат и својата енергија да се насочат на реалните потреби како на нивното членство, така и на граѓаните воопшто.

На Македонија и е потребна силна, кредибилна и конструктивна опозиција.