Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Отворена противпожарна станица за општините Теарце и Јегуновце

Отворена е противпожарна станица за општините Теарце и Јегуновце, во близина на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Отворена е противпожарна станица за општините Теарце и Јегуновце, во близина на село Лешок на магистралниот пат Тетово-Јажинце. Со нејзиното пуштање во употреба значително ќе се намали времето потребно за во гаснење пожари и други интервенции во овој дел од Тетовскиот Регион. Против пожарната станица е дел од против пожарната бригада на Општина Тетово, а неа засега ќе ја опслужуваат 8 пожарникари од Тетово.

– Отворањето на оваа противпожарна станица е во рамките на нашиот проект за проширување на капацитетите на противпожарната единица од Тетово. Почнавме во општина Желино, а денес сме тука да ја промовираме оваа станица која ќе ги покрива општините Теарце и Јегуновце. И во иднина ќе продолжиме со оваа активност и очекуваме ваква против пожарна станица да се отвори и за Општините Боговиње и Брвеница, изјави градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами.

Барањето на жителите од општините Теарце и Јегуновце за отворање ваква станица е од многу одамна, бидејќи поради нивната оддалеченост од Тетово често се случувало против пожарните возила да стигнуваат до местото на пожарот со големо задоцнување. Токму затоа и градоначалникот на Општина Теарце Даут Мемиши и градоначалникот на Општина Јегуновце Димитар Костадиновски изразија голема благодарност до Општина Тетово и тетовската противпожарна бригада што направиле напор една ваква противпожарна станица да се отвори и за нивните општини.

Реклама

– Ова е историски датум за општините Теарце и Јегуновце поради тоа што со години се трудевме да се отвори една ваква противпожарна станица со која ќе бидеме поблиску до граѓаните и побрзо ќе интервенираме. Засега оваа противпожарна станица ќе ја опслужуваат 8 пожарникари од Тетово, а ќе работи само преку ден. Очекуваме наскоро нејзино доекипирање за да може да работи 24 часови. Сега имаме на располагање две противпожарни возила, а наскоро ќе добиеме уште едно големо возило, изјави Авни Амети, командир на тетовската противпожарна бригада.