Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Македонската амбасада во Тирана ги повика нашинците да аплицираат со проекти на јавниот повик на МНРиНТ

Македонската амбасада во Тирана ги информира нашинците во Албанија дека е објавен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонската амбасада во Тирана ги информира нашинците во Албанија дека е објавен јавниот повик за доставување проектни апликации наменети за правни и физички лица од редовите на дијаспората за 2026 година.

-Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија ги повикува сите заинтересирани организации, здруженија и поединци од редовите на дијаспората, да достават проектни апликации со идеи и иницијативи од нивен интерес, насочени кон унапредување на врските со матичната држава и поддршка на активностите на дијаспората, стои во објавата на Амбасадата.

Се додава дека рокот за поднесување на апликациите е 15 дена од денот на објавувањето на конкурсот на веб страната на МНРиНТ, и се нагласува дека предлог – проектите пристигнати по овој датум нема да се бидат разгледани.

Реклама

-Проектите во скенирана форма се доставуваат до Министерството за надворешни работи преку електронската пошта на Дипломатско-конзуларните претставништва (ДКП) на Република Северна Македонија во странство, од Република Албанија на: [email protected] и паралелно, на e-mail: [email protected], се наведува во објавата.

Доколку апликантот не е во можност да го достави проектот во скенирана форма, истиот може да го испрати по пошта до надлежното ДКП.