Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Новоизбраните вицегувернери на Народната банка дадоа свечена изјава пред претседателот на Собранието, Гаши

Вицегувернерите на Народната банка, Ана Митреска и Игор Величковски, денеска дадоа свечена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицегувернерите на Народната банка, Ана Митреска и Игор Величковски, денеска дадоа свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши, со што официјално стапија на функциите.

Собранието вчера ги избра Митреска и Величковски за вицегувернери на Народната банка со мандат од седум години по предлог на гувернерот Трајко Славески.

Ана Митреска е реизбрана за втор мандат на функцијата вицегувернер откако првпат беше именувана во октомври 2018 година. Таа е магистер по монетарна економија и има повеќе од 25 години работно искуство во Народната банка. Во текот на својата кариера Митреска има дадено значаен придонес во областа на макроекономските анализи, среднорочните проекции и истражувачката дејност, а активно учествувала и во комуникацијата со меѓународните финансиски институции и агенциите за кредитен рејтинг. Таа е авторка на повеќе научни и стручни трудови од областа на монетарната и фискалната политика.

Реклама

За вицегувернер е избран и Игор Величковски, долгогодишен истакнат професионалец во областа на платните системи и финансиските пазари. Тој е доктор по монетарна економија на Универзитетот во Стафордшир, во Обединетото Кралство, и повеќе од 30 години е дел од Народната банка. Пред изборот за вицегувернер Величковски ја извршуваше функцијата директор на Секторот за операции на финансиските пазари и платни системи, каде што бил вклучен во клучни реформи за модернизација на платната инфраструктура, како и во процесот на приклучување на земјата кон Единствената европска област за плаќања – СЕПА во 2025 година.

Со давањето на свечената изјава Митреска и Величковски и формално ги презедоа своите должности во раководниот тим на Народната банка.