Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Почна проектот за доуредување на мајор коритото на Крива Река, дел 1 и 4

Во Крива Паланка почнаа градежните активности за уредување на дел 1 и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Крива Паланка почнаа градежните активности за уредување на дел 1 и дел 4 од мајор коритото на Крива Река, финансиран од Владата на Македонија преку Министерството за животна средина и просторно планирање.

Вкупната вредност на проектот изнесува околу 27.7 милиони денари, а со истиот  е планирана изградба на: пешачки и белосипедски патеки, цветни леи, уредени зелени површини, пешачки мостови, уредени плоштади и простори за одмор и дружење,со што , како што нагласи градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, се заокружува целиот проект и градот ќе добие нов, урбан и функционален простор за сите.

-Во изминатиот период со вложување во уредувањето на речното корито му ја враќаме и убавината,и достоинството што го заслужува. И ако по нешто е препознатлива денес Крива Паланка,тоа ,меѓу другото е и по уредениот кеј, еден од најубавите во државата. Денес продолжуваме со уредувањето на мајор коритото на Крива Река, место каде минатото и сегашноста се спојуваат во едно. Во оваа фаза е предвидено уредување на пешачки и велосипедски патеки, нови плоштади, пешачки мостови, дрвени перголи и места за одмор и рекреација. Истовремено, ќе бидат подигнати нови зелени површини и декоративни форми што ќе му дадат нов лик на коритото и ќе ја заокружат целината, изјави Митовски.

Реклама

Посочи дека ова е продолжение на една визија со која Крива Паланка се развива во еден современ и урбан град за сите генерации, градејќи ја Крива Паланка,онаква каква што заслужува, убава и урбана. ид/нд/

Изведувач на градежните работи е “Цвет компани ДООЕЛ“.