Реклама
Македонија

Средношколци од „Јовче Тесличков“ од Велес ќе го посетат Собранието во рамки на едукативниот настан „Имам став!“

Средношколци од СОУ „Јовче Тесличков“ од Велес денеска ќе го посетат Собранието…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Средношколци од СОУ „Јовче Тесличков“ од Велес денеска ќе го посетат Собранието на Македонија во рамки на едукативната активност „Имам став!“, организирана од Парламентарниот институт.

„Имам став!“ е активност наменета за ученици од средните училишта во државата и претставува симулација на процесот на разгледување предлог-закон во Собранието.

– Целта на „Имам став!“ е приближување на работата на Собранието и на процесот на донесување закони до младата популација, што ќе придонесе за развивање на нивната свест за демократијата и ќе ги поттикне и подготви за општествена и политичка критичност и вклученост – соопшти собраниската прес-служба.