Не може новиот закон за извршување да биде ист како претходниот и за долг од 500 денари да се наплати вкупен износ од 15.000 денари, велат од повеќе здруженија кои бараат да се изземат адвокатите и нотарите од новиот закон.
Тие се наздоволни од како што велат игнорантскиот однос на министерот за правда, бидејќи не биле повикани на јавна дебата за да ги кажат забелешките кои ги имаат, а особено во делот на дополнителните трошоци кон должниците.
„Вакво нешто во нормална држава не може да постои. Треба да се скрати оваа постапка. Доверителот да даде директно на граѓанинот, ако граѓанинот должи 1000 денари, тоа да си плати една нормална сума 1500 денари. Зошто овие дополнително трошоци. Законот за извршување треба да биде, граѓанинот да си го плати главниот долг, а не да ги богатиме адвокати, нотари, извршители, трошкови и глупости да измислуваат“, рече Марјан Ристески од Конфедерацијата на Синдикални Организации на Македонија.

Граѓанските организации, велат дека следен чекор ќе биде, барање прием кај Премиерот Христијан Мицкоски за да му ги изнесат забелешките.
Доколку и таму не наидат на разбирање, најавија организирање протести, за како што велат, да се слушне нивниот глас и да се прифатат нивните забелешки.
Законот се наоѓа во последна фаза на подготовка пред прво читање и се уште е отворен на ЕНЕР системот за предлози.
Моменталното законско решение предвидува дека долгот не застарува, истиот мора да се наплати во целост, но каматата не смее да ја надмине главнината. За долгот да стаса пред извршител, законот го обврзува доверителот да ангажира адвокат кој ќе го подготви предметот и ќе го достави до НОТАР кој го известува должникот. Доколку должникот одбие да го прими актот, тогаш се поднесува веродостоја извршна исправа преку која извршителот го наплатува побарувањето со вкалкулирани трошоци за адвокат, нотар, извршител и пресметана камата за доспеаниот долг.
