Реклама

Тв Алфа ја посети Зоолошката градина по крвавиот случај со волците

Пренатрупаност, несоодветни материјални услови и здравствена заштита во затворите

Венецуела ден по разорните земјотреси- бројот на жртви расте, се бараат преживеани под урнатините

Бугарија има системска стратегија од 1968 година за рушење на македонскиот идентитет

Отчет на Мицкоски за две години влада: Економијата заздравува и расте

Со над 120 македонски уметници ќе се одбележат 35 години независност

Во вторник ќе се знае новиот владин кабинет: Некогаш реконструкција се прави промена на приоритетите

Алиу: За околу три недели ќе бидат објавени повиците за аплицирање за средства од програмата EU4Health

Алиу: Во политиката сум да променам нешто

Љутков: Две години процес на стабилизација, обнова и развој на културата и туризмот

Митева: Човек кој зад себе има огромни скандали и криминални состојби како Филипче, не може барањата за правда да ги претставува како закана

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот создава услови за поголеми инвестиции и поефикасна реализација на капиталните проекти

Македонија

Ѓорѓиевски: Покажавме дека Скопје може да оди напред, наследивме целосен копалс на градот без преседан

На 100 дена од мојот мандат како градоначалник на Скопје покажавме дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На 100 дена од мојот мандат како градоначалник на Скопје покажавме дека Скопје знае и ќе оди напред. Ова е само почеток, порача вечерва градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на отчетот на 100 дена од мандатот под мотото „Скопје го градиме заедно“. 

– Стојам пред вас пред се како човек кој ја презеде најтешката работа – Скопје да се извлече од хаосот и долговите коишто биле наталожувани од расипничкото владеење. Наследивме урнат град, институции без ред и дисциплина, систем што одамна престанал да работи. Влеговме директно во срцето на проблемот на градот, во секоја девастирана пора што ни ја оставија. Затекнавме град претворен во депонија, расипани машини, автобуси затворени во гаражите и сето тоа збогатено со долг од речиси 300 милиони евра. Целосен колапс без преседан. Но, како тим добивме нешто посилно од се, а тоа е довербата од Скопјани. Си дадов збор дека таа доверба никогаш нема да ја изневерам и дека ќе работиме често и одговорно докрај, рече Ѓорѓиевски вечерва во Македонската филхармонија. 

Посочи дека во изминатите 100 дена намален е долгот за повеќе од 40 милиони евра преку кратење на непродуктивните трошоци и зголемување на приходите преку финансиска дисциплина. Напомена дека за два месеца решен е проблемот со неисплата на платите на вработените во јавните претпријатија, а во тек е и ревизија и реорганизација на градската управа која според него, треба да биде ефикасна и во служба на граѓаните. 

Реклама

Во следниот период најави кружни текови кон центар и пуштање на првата подземна сообраќајница, изградба на монтажни гаражи од кои првите ќе се градат во кругот на Клиничкиот центар, решавање на проблемот со уличните кучиња, проширување на капацитетите на Лајка, изградба на зелени површини, соодветен третман на депониите.