Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Извештај за економскиот раст и пазарот на труд, насловен „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“ презентиран пред штипските студенти од Економскиот факултет

Економски факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ денеска беше домаќин на високи претставници…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Економски факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ денеска беше домаќин на високи претставници од Светска банка, кои пред студентите, професорите и истражувачите го презентираа најновиот извештај за економскиот раст и пазарот на труд, насловен „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“.

Настанот беше можност академската заедница директно да се запознае со клучните економски анализи, структурни предизвици и препораки за иден одржлив развој на домашната економија. Проректорот за развој, инвестиции и одржување при УГД, проф.д-р Дарко Лазаров, истакна дека организирањето вакви настани во соработка со меѓународни институции е од суштинско значење за стекнување практични и применливи знаења на студентите, како и за валидација на научните истражувања на наставниот кадар.

-Она што е битно за нас како факултет и универзитет е дека преку ваков тип настани, особено со нашите партнери како што е Светска банка, покажуваме дека сме силно поврзани со сите релевантни чинители во општеството. Ова е во директна корист на нашите студенти -покрај теоретските знаења, да слушнат анализи кои се важни за државата од аспект на можностите за иден развој, вработување и отворање нови бизниси. Истовремено, им овозможуваме и на нашите професори да се поврзат со овие институции и да ги валидираат своите научни резултати во областа на економијата-рече Лазаров.

Реклама

Сања Маџаревиќ-Шујстер, виш економист во Светска банка, за време на своето обраќање појасни дека извештајот нуди детална аналитичка рамка за тоа како да се забрза економскиот раст и да се создадат поквалитетни и подобро платени работни места. Според анализите, доколку се спроведе предложената реформска агенда, државата може да оствари значителен скок во економскиот напредок и конвергенција кон европскиот животен стандард.

-Извештајот ја споредува Македонија со другите земји, ги детектира структурните слабости на економијата и дефинира чекори за нејзино забрзување. Особено е значајно што реформската агенда која ја предлага студијата покажува дека просечниот економски раст може да се забрза од 2,4 отсто на 3,8 проценти до 2050 година. Тоа во следните две децении би ја довело земјата до околу 75 отсто од просекот на ЕУ-27 во однос на нивото на доход и доближувањето до стандардот на ЕУ – вели Маџаревиќ-Шујстер.

Со овој настан, Економскиот факултет и Универзитетот „Гоце Делчев“ уште еднаш ја потврдија својата отвореност кон глобалните институции и посветеноста кон создавање современ образовен процес усогласен со реалните економски трендови.