Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Инфраструктурата и новите инвестиции во фокусот на Општина Гевгелија за 2026 година

Завршување на започнати инфраструктурни проекти, обезбедување поволни услови за нови инвестиции и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Завршување на започнати инфраструктурни проекти, обезбедување поволни услови за нови инвестиции и отворање работни места, се дел од приоритетите на Општина Гевгелија за 2026 година. Локалната самоуправа во претстојната година ќе располага со буџет од околу 14,5 милиони евра.

Во моментов, на повеќе улици во градот се изведуваат градежни активности, во тек е реставрацијата на Старата чаршија, привршува реконструкцијата на најстарата спортска сала, а се подготвува и проект за уредување на кејот на реката Вардар.

Од кабинетот на градоначалникот Андон Сарамандов информираат дека во фокусот е финализирање на веќе започнатите проекти за подобрување на патната, комуналната и спортската инфраструктура.

Реклама

– Во моментот на повеќе улици во градот се изведуваат активности за изградба на атмосферски канализациони системи и очекуваме трајно решение за овие локации, каде имавме огромни проблеми од обилните врнежи од дожд. Исто така, по скоро девет децении од изградбата на ДТВ Партизан во Гевгелија, подоцна преуреден во спортска сала, во тек се завршните активности за реконструкција на оваа најстара спортска сала и нејзина пренамена во мултифункционален објект за повеќе спортови, велат од кабинетот на градоначалникот.

Од општината информираат дека се подготвува и документација за изградба и уредување на кејот на реката Вардар, на потегот од мотелот „Вардар“ до граничниот премин „Богородица”, како и за изградба на нов градски плоштад.

Наскоро се очекува тендер за изградба на најголемиот парк во општината, кој ќе се протега на површина од 25.000 квадратни метри покрај Сува Река. Во тек е и изработка на техничка документација за секундарен сообраќаен влез и излез во градот, со поврзување на улицата „Борис Кидрич“ со локалниот пат кон Мрзенци.

Локалните власти најавуваат и активности за привлекување нови инвестиции и отворање работни места. Како позитивен пример ги посочуваат отворањето на трговскиот центар „Гевгелија мол“ во близина на граничниот премин „Богородица“, како и изградбата на голем трговски центар од 19.000 квадратни метри на влезот во градот, која е во завршна фаза.

Во 2026 година посебен акцент ќе се стави на туристичката промоција, со комплетирање на нов информативен материјал и реализација на инфраструктурни зафати. Планирана е изградба на велосипедска патека до манастирот „Св. Илија“, како и полетиште за параглајдери кај Стајка, во Серменин.

По изработка на детален урбанистички план, предвидено е и уредување на туристичката населба кај Конска брана, со што Гевгелија дополнително ќе го зајакне својот туристички потенцијал во наредниот период.