Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Манасиевски: Неодговорноста на Филипче во пожарот во модуларната болница е пример дека СДСM биле заштитени од правосудните органи

Трагедијата во модуларната болница во Тетово, во која животот го загубија 14…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Трагедијата во модуларната болница во Тетово, во која животот го загубија 14 наши сограѓани, останува најцрниот симбол на начинот на кој СДСM и Венко Филипче управуваа со здравствениот систем, со импровизации, со законски измени по  своја мерка и со целосно занемарување на безбедносните стандарди, рече Валентин Манасиевски на прес конференција.

Наместо да се подобрат условите во постојните болници и да се обезбеди сигурност за пациентите, тогашната влада на СДСM по итна постапка го измени Законот за градење. Модуларните болници тогаш беа ставени во категорија „урбана опрема“, со што се заобиколија редовни постапки и контроли. Одобрението за поставување го издаваше Министерството за здравство, односно тогашниот министер Венко Филипче. Законот беше сменет за да се реализира проектот, а не за да се заштитат граѓаните.

Според јавно изнесените тврдења на поранешната обвинителка во СЈО Лејла Кадриу, наместо квалитетни панели со камена волна кои се отпорни на оган дури до 40 миниту, биле поставени панели со пур пена – материјал што лесно гори. Дополнително, се посочува дека немало елаборат за електрична енергија, ниту соодветна разводна табла. Почитувани, ова не се административни пропусти, туку сериозни безбедносни отстапки кои довеле до фатални последици.

Реклама

Дополнително, Филипче го одбил и предлогот ковид пациентите да бидат сместени во двата слободни ката во болницата во Тетово. Наместо ова, тој туркал проект вреден милиони евра. Од добиените 30 милиони евра, Филипче потрошил 300.000 евра. Прашуваме, каде завршиле останатите средства? Кој ја презема одговорноста?

Дополнително шокантно е дека објектот бил поставен над резервоар на бензинска пумпа, со што можело да се предизвика уште поголема трагедија.

Поранешната обвинителка Лејла Кадриу јавно изјавува дека била суспендирана откако побарала градежно вештачење и дека доколку истрагата продолжела, како што вели таа, пола влада ќе завршела во затвор. Ако обвинител се трга во момент кога се доближува до одговорноста на високи функционери, тоа говори за директни притисоци и целосна партизација на правосудниот систем.

Ова беше системот на СДСM и Филипче, законите се менуваа по потреба, институциите се ставаа под контрола, а одговорноста се избегнуваше.

Граѓаните заслужуваат целосна истрага, јасна одговорност и правда. Македонија не смее повеќе да биде држава во која политичката моќ е над законот.