Реклама

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

6.800 денари наспроти 540 денари – Мицкоски со споредба за пензиите

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Македонија

ЦУК: Сообраќајки, замрзнати улици, активиран Кризен штаб по падот на температурите

Поради пад на температурите дојде до замрзнување на коловозите во северозападниот регион…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поради пад на температурите дојде до замрзнување на коловозите во северозападниот регион на државата во текот на изминатото деноноќие. Беа примени поголем број пријави од возачи и граѓани, информираат денеска од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

– Од ПС за ВПС – Тетово се регистрирани четири сообраќајни незгоди со материјална штета. Две на автопатот Тетово – Гостивар – една верижна сообраќајна незгода со учество на 10 возила, потоа една на локалниот пат Пирок – Боговиње, една на патот Тетово – село Требош. За една од сообраќајните незгоди не е побаран увид. Од БПС – Гостивар се пријавени вкупно 15 сообраќајни незгоди, од кои на 10 е извршен увид од страна на увидна екипа, додека за пет не е побаран увид поради договор меѓу оштетените страни, појаснуваат од ЦУК.

Примени биле бројни пријави од жители на Тетово и Гостивар, како и од околните населени места, за замрзнати споредни и локални улици.

Реклама

– Регионалниот центар за управување со кризи – Тетово стапи во контакт со надлежните лица од општините Тетово, Гостивар и Желино, од каде беше потврдено дека се ангажирани фирми за зимско одржување и дека на терен се врши посолување на патиштата по приоритети. Пријави беа примени од населбите Фазанерија и Циглана во Гостивар, како и од селата Долна Ѓоновица и Корита. Од тетовскиот регион пријави имаше од село Селце – под Шар Планина и од повеќе улици во градот Тетово. Во Тетово беше активиран Кризниот штаб и извршено е посолување на повеќе локални патишта, додаваат од ЦУК.

По пријава за замрзнат коловоз на локалниот пат Желино – Сириќино, ЈКП „Желино“ интервенирало и извршило посолување на критичните делници.

– Од „Македонија пат“ – секциите Тетово, Попова Шапка и Гостивар, информираа дека континуирано се на терен и вршат посолување на автопатите и регионалните патни правци под нивна надлежност. Поради снежни врнежи, на патниот правец Лисец – Попова Шапка е воведена задолжителна употреба на зимска опрема. По 22:30 часот не се примени нови пријави од граѓани, додаваат од ЦУК.

Од ЦУК апелираат до возачите на зголемена внимателност, прилагодување на брзината и задолжителна употреба на зимска опрема.