Реклама

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

Македонија

Министерот Серафимовски додели осум решенија за упис на корисници на заштитената географска ознака „Мариовски мед“

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски денеска во Битола им…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски денеска во Битола им додели на осум пчелари решенија за упис во Регистарот на корисници на географски ознаки за заштитената географска ознака „Мариовски мед“. Решенијата беа врачени на отворањето на 29. манифестација „Денови на македонското пчеларство“, во организација на Пчеларското здружение „Нектар“.

-Зад овој резултат стојат околу десет години работа и истрајност на пчеларите во заштитата на географското потекло на мариовскиот мед. Ова е важен чекор за пчеларите од Мариово, кои со својот труд го градат угледот на овој производ и покажуваат како локалното производство може да добие поголема вредност и препознатливост, истакна Серафимовски.

Тој посочи дека географската ознака ја потврдува врската на медот со неговото потекло и го штити називот од злоупотреба, истовремено создавајќи основа за подобра промоција и посилна пазарна позиција на производителите, а на потрошувачите им обезбедува појасна информација за производот и поголема доверба при изборот.

Реклама

-Користењето на ознаката е поврзано со исполнување утврдени услови и со проверка на соодветноста на производството со одобрениот елаборат. Заедно со правото да се користи заштитениот назив, доаѓа и одговорноста да се зачуваат неговите посебни карактеристики, рече министерот Серафимовски.

Тој додаде дека препознатливото потекло на мариовскиот мед отвора можности за дополнителен приход преку атрактивно пакување, соработка со угостителството и поврзување со понудата на руралниот туризам.

-Како ресорно Министерство, нашата задача е да им помогнеме на производителите да ја препознаат и заштитат вредноста на нашите домашни, македонски производи и да ги претстават пред потрошувачите, порача Серафимовски.