Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Мицкоски: Владата не го поддржува маршот на ОВК, но ќе стори се да нема негативните рекции за граѓаните и за регионот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Владата не го поддржува маршот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Владата не го поддржува маршот на ветераните и поддржувачите на ОВК во Скопје најавен за сабота и оти е формиран кризен штаб кој ќе ги следи настаните поврзани со настанот. Владата, државата и институциите, потенцираше Мицкоски, ќе ги преземат сите мерки да не успее намерата да се испровоцира каква било негативна реакција, не само за граѓаните туку и за регионот.

Во однос на одлуката на чаирскиот градоначалник Изет Меџити, кој е владин коалициски партнер, Мицкоски рече дека за тоа треба да се праша тој, но смета дека Меџити е под притисок на организаторите мислејќи дека ако не го поддржи ќе изгуби политички поени. 

– Владата не го поддржува (маршот) и немаме намера да го поддржиме, но секако ќе се погрижиме сето тоа да помине во најдобар ред, да нема инциденти, да не се случи нешто кое ние граѓаните не сакаме да се случи. Инаку, препотставувам дека таа одлука на Меџити е под притисок на организаторите мислејќи дека ако не го поддржи ќе изгуби политички поени што мислам дека му е погрешна одлука, изјави Мицкоски.  

Реклама

За тоа дали има договор со Косово во однос на ветерани на ОВК кои се бараат со потерница од Србија, премиерот беше дециден дека ДУИ на ваков начин се обидува да се мобилизира сметајќи дека на ваков начин повторно ќе добие некаква поддршка и дека не станува збор за некаков договор. 

-Не станува збор тука за политички договор или за неполитички договор. Очигледна е намерата дека некој се обидува на овој начин да се мобилизира.Тука пред се мислам на ДУИ. На тој начин мисли дека ќе добие повторно некаква поддршка, дека ќе ги мобилизира повторно своите гласачи. Жалам што има и такви то го поддржуваат овој процес јавно иако немаше потреба по мене што се случи, но тоа е нивна одлука и не би сакал јас да ја коментирам, рече Мицкоски.

Ние како Владата, нагласи премиерот, ќе сториме се што е во наша моќ прифаќањето на граница до реализирањето на овој протестен марш да биде поминато во најдобар ред.

-За ова се исто така информирани и нашите стратешки партнери. Сите тие се информирани за сите оние мерки кои ќе бидат превземени. Ќе имаме и кризен штаб кој што ќе го следи ова 24 часа пред да се случи и откако ќе се случи, нормално – обезбедување, испраќање на сите оние кои ќе дојдат на оној настан. Како Влада, како држава и како институции ќе ги преземеме сите мерки да не им успее првичната намера да испровоцираат каква било реакција која може да има негативни консеквенци не само за граѓаните туку и за регионот, рече Мицкоски.

Маршот на ветераните на ОНА е најавен за сабота за 13 часот и ќе започне на плоштадот Скендербег.