Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Фонд на ПИОМ: Исплатена ноемвриската пензија без никакви проблеми

Исплатата на ноемвриската пензија е извршена и нема никаков проблем во тој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Исплатата на ноемвриската пензија е извршена и нема никаков проблем во тој дел од работата на Фондот на ПИОМ, нагласи директорот Никола Мемов на денешната 25. седница на на Управниот одбор на Фондот.

Како што се наведува во соопштението од Фондот на ПИОМ, Мемов, исто така, информира дека е потпишан Анекс на Протоколот за размена на податоци со Управата за јавни приход со што се дополнува Протоколот и се доуредува размената на податоците помеѓу двете институции. Со тоа, како што рече Мемов, ќе се придонесе размената на податоците да се одвива подобро и ќе се овозможи полесно остварување на правата од ПИО.

Членот на Управниот одбор, Љупчо Фармакоски го поздрави потпишувањето на Анексот, како и претходно потпишаните меморандуми за соработка со Комората на извршители, Агенцијата за национална безбедност и потенцира дека институционалната соработка е многу важна за квалитетот на извршувањето на надлежностите, пишува во соопштението.

Реклама

Управниот одбор го усвои Предлог – годишниот план за работа на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија за 2026 година.

– Членот на Одборот, Станка Трајкова рече дека станува збор за значаен документ што ја отсликува целата дејност на Фондот и секој заинтересиран може со неговото разгледување да се информира прецизно и точно за тоа. Беше усвоена и Предлог – одлуката за именување комисии за попис на имотот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, пензионерските домови, како посебни градежни објекти и клубовите за одмор и рекреација на корисниците на пензија со што управува Фондот, со состојба на 31 декември 2025 година, се посочува во соопштението.

Членовите на Одборот ја разгледале и Информацијата за финансиската состојба на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија за периодот јануари – септември 2025 година.

– На дневен ред беше и Информацијата за утврдување на стажот на осигурување „докуп на стаж“ директорката на Секторот за остварување на права, Билјана Стојанова рече дека од 2020 година кога законски е утврдена оваа можност, граѓаните го остваруваат ова право. Таа нагласи дека речиси сите барања што се доставени од почетокот на годината досега се решени, се додава во соопштението.