Реклама

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

Балкан

Зеленски престојува во Грција во потрага по гас за Украина

Украина ќе увезува гас од Грција за да ги задоволи потребите на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Украина ќе увезува гас од Грција за да ги задоволи потребите на земјата во текот на зимата, изјави претседателот Володимир Зеленски. Тој денеска престојува во Атина на средби со политичкиот врв на Грција. Посетата на Зеленски на Атина, поради безбедносни причини, официјално беше соопштена изутрината.

„Веќе подготвивме договор со Грција за гас за Украина, што ќе биде уште еден пат за снабдување, за да се обезбеди увоз за зимата, колку што е можно повеќе. Веќе имаме договори за финансирање на увозот на гас и ќе покриеме речиси 2 милијарди евра потребни за увоз на гас, за да се компензираат загубите во украинското производство предизвикани од руските напади“ – објави Зеленски на Телеграм.

Од Грција, Зеленски треба да отпатува во Франција и Шпанија. Грчката полиција соопшти дека поради посетата на претседателот на Украина се забранети собири и протести во центарот на градот од 6 часот утрото до 22 часот.