Реклама

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Македонија

Костадиновски: Почитувањето на Уставот е чин на највисок патриотизам и љубов кон татковината

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, упати честитка до сите граѓани по…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, упати честитка до сите граѓани по повод 17 ноември – Денот на Уставот и 35-годишнината од неговото донесување.

Во честитката, Костадиновски повика на заедничка посветеност кон уставните вредности, нагласувајќи дека силата на Уставот не се состои само во неговите одредби, туку и во колективната свест, одговорноста и посветеноста на граѓаните кон вредностите што ги гарантира.

-Овој значаен јубилеј е потсетник дека силата на Уставот не лежи само во неговите одредби на хартија, туку и во нашата колективна свест, одговорност и посветеност кон вредностите коишто тој ги гарантира. Лојалноста кон Уставот е наша заедничка должност, а почитувањето на уставните вредности е чин на највисок патриотизам и љубов кон татковината – истакнува Костадиновски.

Реклама

Тој посочува дека изградбата на правна држава во која владеат правото, правдата и еднаквоста е обврска на секоја генерација.

Тоа, како што истакнува претседателот на Уставниот суд, е најдостоинствениот начин да го почитуваме заветот на нашите предци и да обезбедиме иднина за поколенијата кои доаѓаат после нас.

-Да бидеме генерација која со своите дела ќе ја потврди својата верност кон Уставот и ќе придонесе за изградба на слободна, демократска и просперитетна држава. Нека ни е честит Денот на Уставот – нагласува Костадиновски.