Реклама

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Македонија

Гаши: Уставот треба да биде темел на стабилноста, инструмент за развој и ризница во која се чуваат основните вредности на државата

Триесет и пет години по донесувањето на Уставот, предизвикот што се исправува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Триесет и пет години по донесувањето на Уставот, предизвикот што се исправува пред нас е да се грижиме и да го зачуваме постигнатото, но истовремено и да се стремиме кон негово унапредување и да обезбедиме уставните принципи да заживеат во секојдневната институционална практика. Бидејќи владеењето на правото не се мери само според бројот на донесени закони, туку уште повеќе според нивната примена, што е особено важно за земја со евроинтеграциски аспирации – истакна претседателот на Собранието Африм Гаши на отворањето на Научната конференција со повеќе панел дискусии по повод 35-годишнина од осамостојувањето и донесувањето на првиот Устав на Република Македонија, во организација на Собранието, ЈНУ Институт за национална историја и Државниот архив.

Воедно, продолжи тој во својот говор, како земја што се стреми кон членство во Европската Унија, добро знаеме дека интеграцијата не е само прашање на односите со институциите на Европската Унија, туку пред сè е процес на градење функционални институции, на зајакнување на правдата, заштита на слободите и гарантирање на достоинството на граѓаните.

– Затоа, Уставот треба да биде темел на стабилноста, инструмент за развој и ризница во која се чуваат основните вредности на државата – рече Гаши. 

Реклама

Поаѓајќи од ова, истакна претседателот на законодавниот дом, оваа годишнина претставува момент на сеќавање, но уште повеќе момент на самопроценување и институционална самоевалвација.

– Имајќи предвид дека сме држава која се одликува со различни облици на разноликост, од нас се очекува континуирано да вршиме проценка и преиспитување на односот меѓу државната и општествената реалност, од една страна, и уставно-правното уредување на земјата, од друга страна. Не смееме да престанеме да си го поставуваме прашањето дали овој Устав и овие закони успеале да изградат кохезивна држава, општество кое има доверба во државните институции и граѓани кои се чувствуваат подеднакво застапени во државните институции? Иако имаме бројни примери кои покажуваат дека овие заложби биле мошне успешни, сметам дека никогаш не треба да ни недостига подготвеност за натамошно унапредување и подобрување – рече тој во обраќањето. 

Гаши во говорот повика оваа 35-годишнина да ја гледаме како нова заложба за посилна демократија, поодговорни институции, поголема доверба во правосудството и постабилен соживот, бидејќи, вели тој, државата не е само наследство што сме го добиле од генерациите пред нас, туку и наследство што ние им го оставаме на идните генерации.

Централната тема на симпозиумот, според претседателот на Собранието, го надминува самото одбележување на еден историски датум, како што е 35-годишнината од државноста на нашата земја.

– Таа претставува повик не само до академската јавност, туку и до политичката елита, за одговорноста што ја имаме за да се потсетиме и да го евидентираме тоа што се случило во минатото, но и да размислиме за тоа што сме го направиле досега и да ја искористиме оваа можност за заедничка и отворена дискусија за вредностите што го одржуваат нашето општество обединето, како и за одговорноста што ја имаме кон идните генерации – истакна Гаши. 

Посочи дека 8 Септември 1991 година и 17 Ноември истата година, се два неразделни настани во современата историја на државата, бидејќи на првиот датум се одржа референдумот, а на вториот беше донесен Уставот на независна Македонија, со што на најјасен начин беше изразена политичката волја на граѓаните и нејзината институционализација преку уставниот поредок.

– Со тој Устав, покрај политичкото прогласување на државноста, Македонија го дефинираше и својот државен идентитет и го зазеде своето место меѓу суверените, независни, демократски и социјални држави, станувајќи правна држава заснована на владеењето на правото, човековите слободи и права, политичкиот плурализам и евроатлантската определба. И, кога ги разгледуваме овие два историски моменти од перспектива на оваа 35-годишнина, секогаш имаме можност да размислиме дали и во колкава мера се остварени стремежите на генерацијата што ја создаде независна Македонија – рече Гаши. 

Потсети дека Македонија во 1991 година, преку референдумот и Уставот, во време кога поранешна Југославија се распаѓаше низ воени конфликти, успеа на мирен начин да ги постави темелите на независна Македонија.

– И кога беше потребно да се зајакне меѓуетничката кохезија и да се зачува мирот, како во 2001 година, таа исто така најде храброст и одлучност да го дополни Уставот, а тоа го направи и во 2018 година, кога беше неопходно да се направи големиот пресврт кон членството во НАТО. Во таа насока, мислам дека оваа храброст не треба да изостане ниту во иднина. Политичката и интелектуалната елита треба, без какви било надворешни поттикнувања и притисоци, да има храброст да го разгледува ова прашање како отворен систем, кој напредува, се развива и се приспособува на општествените промени, на европската перспектива и на зајакнувањето на општествената кохезија. Секако, овој процес треба да се разбере како дел од континуираниот развој и заложбите за изградба на држава во чиј центар е граѓанинот и неговото право на функционална држава – потенцираше Гаши. 

Во овој контекст, додаде тој, Собранието има посебна одговорност. – Како претставнички орган на граѓаните и носител на законодавната власт, тоа е местото каде што политичките и општествените разлики треба да се изразуваат преку демократска дебата, компромис и институционално одлучување. Парламентот не треба да биде само арена на судири меѓу власта и опозицијата, туку тој треба да прерасне во простор за дијалог, одговорност и градење консензус за прашањата од стратешко значење за земјата – рече Гаши. 

Поздравни обраќања на настанот имаат претседателката Гордана Сиљановска-Давкова директорот на Државниот архив Димитар Богески и директорот на ЈНУ Институт за национална историја, проф. д-р Митко Панов.

Во рамки на настанот ќе биде прикажан документарен филм „35 години од донесувањето на првиот Устав на Република Македонија“ и изложба на архивски документи.

На панел-дискусијата ќе говорат претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и член на експертската група именувана од Владата за подготовка на нацрт-текстот на Уставот на Република Македонија, Тито Петковски – поранешен претседател на Собранието на Република Македонија и член на Комисијата за уставни прашања во 1991 година, Насер Зибери – поранешен потпретседател на Владата на Република Македонија и член на Комисијата за уставни прашања во 1991 година, проф. д-р Владо Поповски – почесен член на МАНУ и член на експертската група именувана од Владата за подготовка на нацрт-текстот на Уставот на Република Македонија и Ламбе Арнаудов – пратеник во првиот парламентарен состав на Собранието на Република Македонија.

На настанот ќе се одржи и меѓународен симпозиум на тема „Уставност, суверенитет и традиција: 35 години независна македонска држава“.