Реклама

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Македонија

Втор ден од 3. Мисиркови денови: Историските корени на македонистиката треба да се бараат уште во XIX век

Еднаш Македонец – засекогаш Македонец, ќе рече познатиот германски македонист Волт Ошлис,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Еднаш Македонец – засекогаш Македонец, ќе рече познатиот германски македонист Волт Ошлис, кој речиси целиот свој живот го посветува на изучувањето на македонскиот јазик и култура. Оваа негова мисла често се провлекува во неговите јавни настапи и ја отсликува долгогодишната поврзаност со Македонија, како и неговата посветеност на афирмацијата на македонскиот јазик, култура и државност во Германија и пошироко во светот – посочи денеска Милчо Јовановски во својот реферат за Ошлис презентиран во рамките на 3. Мисиркови денови посветени на 100-годишнината од смртта на Крсте Мисирков.

Јовановски посочи дека во своето дело „Аспекти на германско-македонската заемност низ вековите“ од 2007 година Ошлис го посочува германскиот географ Антон Фридрих Бишинг, кој уште во XVIII век, во своето дело „Опис на земјата“, констатирал дека Македонците имале свој јазик, кој се разликувал од јазиците на околните народи.

– Во книгата „Македонија – слика на пејзажот и културата“ од 1927 година германскиот автор ја застапува тезата дека Македонците уште од најраните времиња претставувале посебен народ, кој се одликувал со сопствен идентитет и културна традиција – рече Јовановски.

Реклама

Тој за Ошлис, кого го познавал лично, вели дека е еден од столбовите на македонистиката во последните шест децении и еден од најчестите учесници на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура.

– Тој е особено познат по своите ставови за историјата на македонскиот јазик, македонскиот идентитет и култура, како и за делото на Крсте Мисирков и Блаже Конески. Неговите ставови се поткрепени со многубројни изјави и интервјуа објавени во медиумите, како и со лични сознанија и сведоштва од средбите со него. Историските корени на македонистиката како научна дисциплина, според него, треба да се бараат уште во XIX век, во книжевните, филолошките и научните истражувања поврзани со Македонија, македонскиот народ, црквата и духовното наследство – посочи Јовановски.

За Ошлис, кој починал неодамна, Јовановски откри дека неговиот интерес за Македонија бил толку голем што во својот дом имал германски историски карти на кои била претставена Македонија.

– Уште пред дванаесет или тринаесет години почнал да размислува за создавање посебна книга посветена на овие карти. Работата на книгата почнала во соработка со други истражувачи, но, како што самиот истакнувал, таа не била целосно завршена. Кекои од картите сè уште се наоѓале во неговата куќа. Една од тие карти се наоѓа и на корицата на германското издание на Мисирковата книга „За македонцките работи“. Станува збор за стара карта на Македонија, изработена околу 1750 година, од германско-британско потекло, чиј автор, според транскрипцијата, е Антон Ишик – посочи денеска Јовановски.