Реклама

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Македонија

Богески: Архивските документи се темел за зачувување на историската вистина и македонскиот државен идентитет

​Нашата цел е да овозможиме научна анализа и претставување на институционалните облици…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

​Нашата цел е да овозможиме научна анализа и претставување на институционалните облици и процеси преку кои се развива македонската државност од крајот на 19. и почетокот на 20. век. Токму архивските извори овозможуваат да се проследи генезата на идејата за сопствена држава, нејзиниот политички и правен развој, како и историските процеси што доведе до стекнување на независноста – истакна во својот говор директорот на Државниот архив, Димитар Богески на отварањето на меѓународниот научен симпозиум „Уставност, суверенитет и традиција“, а по повод 35 години од донесувањето на првиот Устав на Македонија.

Богески од говорницата во македонското Собрание посочи дека особено значење во овој историски развој има зачувувањето на националниот идентитет и колективната меморија, а архивските документи претставуваат автентични сведоштва за борбата за слобода, национална афирмација, културен развој и стремежите на генерации што придонесе за создавањето на македонската држава во 1991 година.  

​- Во нив се содржани историското искуство, државотворната мисла и континуитетот на стремежот на македонскиот народ за сопствена држава. Подеднакво значење има и улогата на архивските документи во потврдувањето на суверенитетот и меѓународното правниот субјективитет на државата. ​Во архивските фондови на државниот архив се чуваат документи поврзани со суверените права на државата, нејзиниот територијален интегритет, меѓународното признавање, воспоставување дипломатски односи, како и одлуките на највисоките државни институции: Собранието, Владата и Претседателот на Републиката. ​Оттука, архивските документи покрај својата историска вредност имаат и значајна правна и политичка улога во потврдувањето на државниот и институционалниот континуитет. Значењето на архивските извори добива дополнителна тежина во современите општествени и политички околности, особено во контекст на европските интеграции и предизвиците со кои се соочува Македонија – рече Богески.  

Реклама

​Тој истакна дека во услови на различни историски интерпретации, политички влијанија и обиди за наметнување поинакви наративи за минатото на македонскиот народ, архивските документи како примарни историски извори претставуваат цврста основа за научно засновано и аргументирано толкување на историските процеси, за зачувување на историската вистина и за афирмирање на македонскиот национален и државен идентитет.  

​- Во овој контекст би сакал да ја истакнам и значајната улога на Државниот архив во функционирањето на правната држава како институција што обезбедува и ја зачувува институционалната меморија. Државниот архив претставува важен столб на правната сигурност и доказната основа за работењето на државните органи. ​Архивскиот материјал придонесува за транспарентноста, отчетноста и остварувањето на правата на граѓаните, потврдувајќи дека неговата вредност има трајно значење и за современото општество. ​Преку културно-просветната дејност што ја остваруваме во земјата и во странство, како и преку соработката со архивите на другите држави и културно-информативните центри на Македонија, активно учествуваме и во меѓународната афирмација на нашата држава – рече Богески. 

Додаде дека претставувајќи го документарното наследство пред меѓународната научна и поширока јавност, Државниот архив придонесува за научната, културната и дипломатската афирмација на Македонија, а на тој начин архивските документи стануваат важен дел од претставувањето на нашето историско искуство, државотворните процеси и културното наследство надвор од границите на државата.  

​- Во македонскиот историски контекст значењето на архивите особено доаѓа до израз преку документарењето на процесите што го обликувале македонското национално и државно прашање.​Одлуките на АСНОМ од 2 август 1944 година, документите поврзани со конституирањето на македонската државност во рамките на југословенската федерација, документите од референдумот од 8 септември 1991 година, актите поврзани со прогласувањето на независноста и нејзиното меѓународно признавање, како и документите поврзани со потпишување и спроведување на Охридскиот рамковен договор претставуваат дел од историската документарна основа за проучување на современата историја на македонската држава и општество – рече Богески.  

​Тој посочи дека токму ова документарно богатство претставува непроценлив извор за научно истражување и за разбирање на сложените историски процеси низ кои се развивала македонската државност. Богоевски забележа и дека токму архивските извори овозможуваат создавање на нови научни сознанија, отварање истражувачки перспективи и продлабочување на знаењата за државно-правната традиција, уставниот развој и континуитетот на македонската државност.  

​Свое обраќање на одбележување на 35 години од донесување на Уставот на Република Македонија имаше и директорот на ЈНУ Институт за национална историја Митко Панов, кој својот говор го почна со мислата на Крсте Петков Мисирков  ​„Самостојниот политички развиток на Македонија е неопходност“ и тоа  уште во 1903 година во своето безвременско дело „За македонцките работи“, давајќи со тоа јасен политички израз на повеќевековниот континуитет на државотворните стремежи, олицотворени во идеалите на македонската револуционерна организација и Илинденската епопеја“.  

​- Една деценија подоцна, со меморандумот од 7 јуни 1913 година, потпишан меѓу другите и од Димитрија Чуповски и упатен до сојузните балкански држави, бил недвосмислен: „Македонија мора да биде самостојна држава со Влада одговорна пред народното собрание“.  ​Во 1936 година Павле Шатев го формирал принципот на самоопределување на народите, истакнувајќи дека тој не бил сува правна формула, туку патовод над ѕвездата што ни го посочува патот на ослободувањето на Македонија.  ​Тој патовод над ѕвездата го осветли вториот Илинден и историското заседание на АСНОМ во 1944 година. Со манифестот и историските одлуки на АСНОМ, идеалот за слободна македонска држава стана државноправна стварност, заокружена со Уставот од 1946 година и начелото дека сета власт произлегува од народот и му припаѓа на народот. ​Со новиот Устав на Република Македонија одлучивме за нејзините правни темители, темели на самостојна и суверена држава“, истакна претседателот Киро Глигоров. На тој начин уставот го утврди суверенитетот како неделив, неутуѓив и непренослив – вели Панов.  

Директорот на Институтот за национална историја Панов во својот говор потенцираше дека 35 години независна држава и осум децении уставнотворвна традиција не се само повод за историско сеќавање, туку и за реафирмација на Гоцевата визија за свет заснован врз рамноправноста и достоинството на народите.  

​- Почитувањето на рамноправноста и националниот идентитет е вградено во правниот поредок на Европската Унија. Договорот за Европската Унија изречно го утврдува почитувањето на еднаквоста на земјите членки на нивните национални идентитети, неразделно поврзани со нивните основни политички и уставни структури. ​Во светлина на овие начела, современите предизвици пред македонската држава уште посилно ја потврдуваат пресудната улога на Уставот, не само како највисок правен акт, туку и како темелна заштита на суверенитетот, националниот идентитет и достоинството на нејзините граѓани – вели Панов.

Обраќањата на Богески и Панов се дел од отварањето на меѓународниот научен симпозиум „Уставност, суверенитет и традиција“, а по повод 35 години од донесувањето на Уставот на Македонија.