Реклама

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Владата подготвена за дијалог со студентите – се најавува зголемување на сумата за студентски оброк

Ревизијата со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит

Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ: Ден Дончев, вработени во приватна болница и ФЗОМ се сомничат за злоупотреби и перење пари

Искра Хаџи Василева избрана за нова шефица на ОЈО ГОКК со 64 гласа

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Македонија

Конференција „Западен Балкан 2030“: Дигитализацијата е клучот за соработка во регионот и за нејзината одржливост

Учесниците на панелот „Дигитализација и модернизација – паметни економии, посилен регион“, што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Учесниците на панелот „Дигитализација и модернизација – паметни економии, посилен регион“, што се одржа во рамките на годишната конференција „Западен Балкан 2030“ во Белград, денеска оценија дека дигитализацијата е клучот за соработка во регионот и за нејзината одржливост.

Вицепремиерот на Македонија, Иван Стоилковиќ, нагласи дека не е доволно да се зборува за дигитализацијата како за добра вест, туку дека за нејзино квалитетно користење е потребно инвестирање во образованието.

Стоилковиќ оцени дека дигитализацијата е „на некој начин освојување на нова слобода“, но дека основниот проблем е образованието, додека ширењето на дигитализацијата е друг проблем.

Реклама

Според Стоилковиќ, ако земјите од регионот не можат да ја шират дигитализацијата кај своето пошироко население, тешко дека можат да постигнат меѓусебна соработка на пошироко ниво во дигиталната сфера.

Амбасадорот на Финска во Србија, Црна Гора и Македонија, Никлас Линдквист, изјави дека дигиталната стратегија на неговата земја се базира на помагање на корисниците и силна заштита на информациските системи, а дека вештачката интелигенција е во преден план.

Тој истакна дека не е доволно само владата на една земја да сака да биде дигитална, туку и граѓаните мора да го сакаат тоа.