Реклама

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Владата подготвена за дијалог со студентите – се најавува зголемување на сумата за студентски оброк

Ревизијата со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит

Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ: Ден Дончев, вработени во приватна болница и ФЗОМ се сомничат за злоупотреби и перење пари

Искра Хаџи Василева избрана за нова шефица на ОЈО ГОКК со 64 гласа

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Македонија

Почна регулацијата на реката Брегалница со каскадно уредување кај карбинското село Долни Балван

Градежните машини почнаа со регулацијата на реката Брегалница во атарот на село…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градежните машини почнаа со регулацијата на реката Брегалница во атарот на село Долни Балван, Општина Карбинци. Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов денеска изјави дека регулацијата на реката Брегалница ќе биде со каскадно уредување и тоа на потегот од над и под мостот по течението на реката Брегалница.

-Ова е важно, заради целта која треба да ја постигнеме, а тоа е стабилизирање на речното корито не само на овој потег, туки и по самото течение на река Брегалница, а пред се за да го стабилизираме местото, кое во минатото предизвика и реконструкција на самиот мост на река Брегалница, којшто и тоа како е важен за овој дел на населението и на Општина Карбинци. Сите гравитираме токму преку овој мост кон регионалниот пат Штип-Плачковица и кон магистралниот пат кон Кочани и Република Бугарија, вели Паунов.

Во текот на изминатите години земјоделците во овој атар на село Долни Балван имаа проблеми и со свлечување на нивното земјиште во коритото на река Брегалница.

Реклама

Средствата за регулација на река Брегалница со каскадно уредување се обезбедени преку Министерството за животна средина и просторно планирање преку Програмата за уредување на речните корита. Вкупната финансиска конструкција изнесува 9.200.000 денари, од кои околу 720.000 денари се кофинансирање на Општина Карбинци. Проектот се очекува да заврши до крајот на годината, доколку дозволат временските услови.