Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Македонија

Градоначалничката на Кисела Вода Стаменкоска-Трајкоска од сабота почнува со приемни денови за граѓаните

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска од сабота започнува со приемни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска од сабота започнува со приемни денови за граѓаните. 

– Во насока на транспарентно и отчетно работење, како и со цел директно да се слушнат и навремено да се одговара на потребите на граѓаните, градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, од оваа сабота започнува со приемни денови за граѓаните. На овој начин се воспоставува отворена и непосредна комуникација со жителите на Кисела Вода, која ќе придонесе за поефикасно решавање на нивните проблеми и унапредување на квалитетот на живот во општината, информираат од прес-службата на Општина Кисела Вода.

Приемните денови ќе се одржуваат во просториите на Општина Кисела Вода, а сите заинтересирани жители кои сакаат да остварат средба со градоначалничката можат да ја закажат секој работен ден, од понеделник до петок, во периодот од 08:00 до 16:00 часот, на телефонскиот број 02/2785-401.

Реклама

По извршеното пријавување, граѓаните ќе бидат дополнително контактирани за точното време на нивната средба.