Реклама

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Побрзо до Јадранот, поблиску до нови економски можности – Скопје и Тиват се поврзуваат со нова директна авиолинија

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Македонија

До 13 часот излезеноста 19,96 проценти, за Скопје 15,28 отсто

До 13 часот излезеноста за локалните избори во земјава е 19,96 проценти,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

До 13 часот излезеноста за локалните избори во земјава е 19,96 проценти, а за Скопје 15,28 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Како што информира портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, на ниво на државата гласале 134 124 лица според податоците од 1 279  избиралки места или 93,15 отсто, додека за Скопје гласале 71 849 лица, а податоци се пристигнати од 678 избирачки места или 98,98 отсто.

Досега не се пристигнати  пријави за какви било неправилности и нерегуларности, а за претставки за нарушување на изборниот молк има само информации по кои, истакна Тодоровска Алексовска, постапуват надлежните институции.

-До ДИК се стигнати само информации, во однос на тоа прашање постпауваат надлежните институци, се што треба во однос на ова ДИК би информирала до крајот на денот, истакна портпаролката на прес-конференција.

Реклама

Таа соопшти и дека ДИК во 14 часот ќе одржи јавна седница на која ќе се разгледуваат приговори, како и информации за постапката за набљудување на изборите.

-До 13 часот одѕивот  во Боговиње е 16,02, Брвеница 29,73, Валандово 25,67, Виница 23,16, Дебар 15,32, Дебарца 26,54, Демир Капија 34,21, Дојран 31,21, Долнени 20,81, Зрновци 27, Кичево 29,37, Конче 28,30, Кочани 18,46, Крушево 34,86, Куманово 13,34, Лозово 34,54, Македонска Каменица 24,64, Македонски Брод 24,99, Могила 18,13, Неготино 24,17, Прбииштип 36,66, Ранковце 31,41, Росоман 27,10, Струга 16,77, Студеничани 16,74, Тетово 19,31, Чешиново-Облешево 27,93 и Чучер Сандево 29,55 проценти.  Во скопските општини излезеноста е во Аеродром 19,21 отсто, Бутел 13,30, Гази Баба 14,24, Ѓорче Петров 15,92, Карпош 22,14, Кисела Вода 19,57, Сарај 3,58, Центар 21,58, Чаир 5,34 и Шуто Оризари 12,78 проценти. Најголема излезеност за гардоначалник на Скопје има во Карпош, Центар и Кисела Вода, а најмала во Сарај и Чаир, истакна Тодоровска Алексовска.

 Во првит круг до 13 часот излезеноста била 20,12 отсто, а за Скопје 20,07 проценти.