Еве што ви порачуваат ѕвездите кога станува збор за љубовта, работата и здравјето!
ОВЕН
Денес сè врие од напнатост. На работа некој се обидува да ве надмудри, но вие не играте на тивко — одговарате директно. Партнерот ве провоцира со молчење, а вие се правите рамнодушни, иако внатрешно горите. Слободните Овни влегуваат во ризично допишување со личност која не е сосема „слободна“. Срцето забрзано чука, разумот замолчува, а егото ужива. Пазете се од главоболки.
БИК
Сè што денес се обидувате да направите оди потешко од вообичаено, но упорноста е ваш заштитен знак. Партнерот ве обвинува дека сте премногу зафатени со себе, а вие возвраќате без воздршка. Слободните Бикови играат игра на „мачка и глушец“ со личност која не знае што сака. На работа ве очекува судир на мислења, но крајот на денот носи победа. Крвниот притисок варира – избегнувајте расправии кои би ве чинеле мир.

БЛИЗНАЦИ
Денес сте остри како жилет – секој збор ви е прецизен и продорен. Тоа ве прави шармантни, но и опасни во погрешно друштво. На работа некој се обидува да ве испровоцира, а во љубовта владее затишје пред бура. Слободните Близнаци започнуваат флерт кој брзо станува игра на нерви. Партнерот (доколку го имате) тешко ги следи вашите промени во расположението. Премногу кафе и премалку сон може да ве исцрпат.
РАК
Сè анализирате — секој збор, секој поглед. Чувствувате дека партнерот нешто крие, и најверојатно сте во право. Слободните Ракови очекуваат премногу од личност која не знае што сака, па можно е разочарување. На работа некој ги тестира вашите граници, но не знае дека вашето трпение има остар паметник. Вечерта носи емотивен замор и потреба за повлекување. Не се обвинувајте — тишината понекогаш е единствена заштита.
ЛАВ
Вашето самодоверба денес ги нервира сите кои не се на вашето ниво. На работа покажувате заби, иако ве притиска замор. Партнерот се обидува да ве спушти на земја, но вие се водите од мотото: „ако не можеш да светиш со мене, тргни се во сенка“. Слободните Лавови привлекуваат личност со мистериозно минато. Здравјето е стабилно, но телото бара повеќе одмор отколку гламур.
ДЕВИЦА
Премногу се обидувате да држите сè под контрола — и токму тоа ве исцрпува. На работа делувате смирено, но во главата владее хаос. Партнерот не ве разбира, а можеби и не сака. Слободните Девици влегуваат во таен флерт со личност која не би требало ни да им се допадне — но се допаѓа, и тоа опасно. Нервниот систем е пренапрегнат, обидете се да дишете подлабоко.
ВАГА
Денот носи промени во расположението – од шарм до иронија. Партнерот не знае што да очекува, па избира да молчи. На работа ве фалат, но и оговараат, што не ви пречи додека не дознаете од кого доаѓа. Слободните Ваги повторно размислуваат за некој од минатото, иако знаат дека тоа е ќорсокак. Телото бара рамнотежа, а вие ја барате во чоколадо.
ШКОРПИЈА
Сè што денес правите има некаков скриен мотив — и вашите, и туѓите постапки. На работа некој се обидува да ве надмудри, но ја потценува вашата интуиција. Во љубовта тензијата кулминира. Партнерот нешто крие, а вие тоа го чувствувате со целото тело. Слободните Шкорпии влегуваат во флерт што брзо се претвора во опсесија. Внимавајте емоциите да не ве одведат во претерување — и во љубовта, и во чашата.
СТРЕЛЕЦ
Сè оди по принципот „или сè, или ништо“. На работа се обидувате да останете мирни, но некој ви оди по нерви. Во љубовта, партнерот ве обвинува дека бегате од разговори – и во право е. Слободните Стрелци се преправаат дека сè решаваат со хумор, но внатре чувствуваат празнина. Вечерта може да донесе средба што ќе ве потресе повеќе отколку што сте подготвени да признаете. Чувајте ја енергијата – срцето ви е изморено.
ЈАРЕЦ
Денес делувате ладно и пресметано, но под површината сè врие. Партнерот ве изведува од такт со ситници, а вие трпите – до моментот кога ќе „пукнете“. На работа сте професионални, но колегите чувствуваат дека нешто ве мачи. Слободните Јарци привлекуваат личност која сака предизвици, но можеби не сте подготвени да бидете нечие искуство. Внимавајте на напнатост во вратот и рамената.
ВОДОЛИЈА
Сè што сте потиснувале денес излегува на површина. На работа ве нервираат луѓе кои мислат дека се духовити, а не се. Во љубовта, партнерот прави сцена, а вие ладнокрвно си одите. Слободните Водолии може да влезат во авантура што почнува со смеа, а завршува со солзи — или обратно. Главата ви е преполна мисли, а телото бара мир. Избегнувајте непотребни расправии.
РИБИ
Денес сте емоционални до крајност. На работа ве погодува секој збор, иако се преправате дека сте изнад тоа. Во љубовта, партнерот не знае како да ве „прочита“ – час сте нежни, час студени. Слободните Риби сонуваат за личност која е далеку или недостижна. Вечерта носи можност за помирување, но само ако престанете да идеализирате нешто што не е реално. Внимавајте на имунитетот и недостигот на сон.
