Реклама

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Македонија

Шукова: Скопјани на 19 октомври да гласаат за визија, знаење и резултати

Граѓаните на Скопје на 19 октомври да гласаат за визија, знаење и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Граѓаните на Скопје на 19 октомври да гласаат за визија, знаење и резултати, порача денеска кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ Каја Шукова.

Шукова на прес-конференција пред утрешниот изборен молк повтори дека зад неа стои чесен и професионален тим кој знае како да го направи Скопје модерен, среден и урбан град.

Таа напомена дека целата нејзина кампања изминатите денови се водела со фокус на конкретни решенија што го враќаат животот во градот.

Реклама

-Имаме решенија и за најтешките проблеми отпадот, Дрисла, Вардариште. Со професионално управување, современи технологии и европски стандарди, Скопје конечно ќе стане чист и одржлив град. Скопје е нашиот дом и време е да се избориме за него, истакна Шукова.

Кандидатката за градоначалничка го претстави, како што напомена, јасниот план за Скопје што повторно ќе дише, ќе се движи и ќе живее подобро – со повеќе зелени површини, нови паркови, ботаничка градина, чист Вардар и безбеден сообраќај.

-Визијата за Скопје подразбира град без урбан хаос, со пешачки зони, велосипедски патеки и јавен превоз што функционира, град каде жените имаат поддршка, младите можности, децата едукација и забава, а уметниците слобода. Мојата визија се темели на знаење, чесност и паметно управување. Имаме план и тим што може да го реализира. На 19 октомври, гласајте за број 5 за мене и за советничката листа на СДСМ. Гласајте за Скопје што се бори. Скопје што верува. Се бориме за нашиот дом, подвлече Шукова.