Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Хороскоп

Дневен хороскоп за 1 септември 2025 година

Што ви подготвуваат ѕвездите за љубовта, работата и здравјето ОВЕНДенес слушајте го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Што ви подготвуваат ѕвездите за љубовта, работата и здравјето

ОВЕН
Денес слушајте го својот внатрешен глас пред да реагирате. На работа ве очекува изненадна прилика која бара храброст и брза одлука. Слободните можат да се заинтересираат за личност што им imponira интелектуално, а зафатените ја зацврстуваат врската преку мал, но значаен гест. Ќе ви годи лесна физичка активност.

БИК
Погоден ден за решавање обврски што подолго време ги одложувавте. Вашата упорност и трпение носат резултати. Слободните може да започнат врска со личност што првично не им делувала блиска, додека зафатените ја обновуваат хармонијата преку заеднички ритуали. Внимавајте на исхраната.

БЛИЗНАЦИ
Вашата креативност доаѓа до израз. Идеите кои изгледаат ризични може да се покажат како одлични. Слободните можат да запознаат некого преку заеднички интерес или проект, а зафатените ќе мора да најдат баланс помеѓу работата и времето со партнерот. Пазете се од повреди.

Реклама

РАК
Денес се враќате кон себе преку мали секојдневни ритуали. Трудот што го вложувате во работата веќе носи резултати. Слободните може да доживеат неочекувана емоционална врска, додека зафатените откриваат нова страна од партнерот преку искрени разговори. Повеќе престој во природа ќе ви годи.

ЛАВ
Денес вашата сила доаѓа одвнатре, без потреба од надворешна потврда. На работа ве чека предизвик што ќе ве истакне. Слободните привлекуваат внимание од личност која досега била резервирана, а зафатените внесуваат ново возбудување во врската. Внимавајте на вратот.

ДЕВИЦА
Ќе посакате сè да биде по план, но интуицијата ќе ве однесе по друг пат. Можно е изненадување на работа.Ќе посакате сè да биде по план, но интуицијата ќе ве однесе по друг пат. Можно е изненадување на работа. Слободните чувствуваат повлекување, но тоа носи простор за искрена врска. Зафатените треба да уживаат во моментот без прекумерна анализа. Можно е да имате мали проблеми со варењето.

ВАГА
Денес ве очекува средба што ќе ве инспирира. На работа ќе ве мотивира мал, но значаен гест. Слободните можат да се зближат со личност која ја познаваат површно, а зафатените ќе го зајакнат односот. Внимавајте на квалитетот на сонот.

ШКОРПИЈА
Погоден ден за искреност и изразување на чувства. На работа преземате иницијатива која носи нови можности. Слободните може да се заинтересираат за мистериозна личност, додека зафатените го јакнат довербата преку искрен разговор. Ограничете го внесот на кофеин.

СТРЕЛЕЦ
Внимавајте на сигналите од околината – важни информации доаѓаат ненадејно. На работа ве очекува признание или пофалба. Слободните започнуваат познанство преку заеднички активности, додека зафатените прават планови за иднината. Ќе ви пријдат активности на отворено.

ЈАРЕЦ
Денес ќе ви бидат потребни одлучност и смиреност. На работа ве чека неочекувана задача што може да донесе награда ако реагирате промислено. Слободните може да добијат порака од личност од минатото, а зафатените откриваат нова рутина што внесува склад. Внимавајте на напнатост во рамениците и вратот.

ВОДОЛИЈА
Вашите оригинални идеи денес ќе привлечат внимание. На работа ќе имате простор за иновативни решенија. Слободните влегуваат во забавен и духовит флерт, додека зафатените внесуваат свежина во врската со нова заедничка активност. Намалете го внесот на шеќер.

РИБИ
Ќе почувствувате потреба за емотивна сигурност. Интуицијата на работа ќе ве насочи кон решенија што другите не ги гледаат. Слободните можат да изградат подлабока врска со личност што ја познаваат одамна, додека зафатените бараат повеќе тишина и нежност отколку зборови. Повеќе сон и одмор ќе ви пријдат.