Реклама

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Балкан

Популацијата во Грција се намалила за околу 500 илјади лица во периодот 2011-2024 година

Намалувањето на населението на Грција во следните три децении ќе продолжи, исто…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Намалувањето на населението на Грција во следните три децении ќе продолжи, исто така и нејзиното демографско стареење, а билансот меѓу наталитет и морталитет ќе остане негативен до 2050 година, пишува во истражувањето за демографскиот проблем во Грција спроведено од Лабораторијата за демографски и општествени анализи при Одделот за планирање, урбанизам и регионален развој на Универзитетот во Тесалија.

Резултатите од истражувањето под наслов „Демографско прашање и ниска стапка на раѓање во денешна Грција денес: демографски инерции и социјални предизвици“, покажуваат дека во периодот 2011 – 2024 година, популацијата во Грција се намалила за околу 500 илјади лица, а во 2023 година бројот на новородени бил 72,3 илјади, што е речиси половина од годишниот просек во 1951-1970 година.

Авторката на истражувањето доцент и директор на Лабораторијата Ифигенија Кокали, посочува дека демографското прашање е еден од најголемите предизвици во Грција, според податоците од последните децении, „населението на земјата се намалува и старее“, а намалувањето на популацијата започнало во 2011 година.

Реклама

– Грција денес, освен што е релативно остарена земја (речиси 23 отсто од нејзините жители се на возраст над 65 години, додека, во 2023 година, оние на 65+ години беа речиси еден милион повеќе од младите на возраст од 0-14 години), бележи една од најниските годишни стапки на фертилитет во Европската Унија. Меѓугенерацискиот фертилитет се движи од 1,3-1,4 деца по жена (за генерациите родени околу 1980 година), односно значително е под границата на репродукција (2,07 деца/жена). Исто така, постои прогресивно зголемување на стапките на лица без деца, што за генерациите околу 1980 година, се однесуваат на приближно едно од пет лица, пишува во извештајот.

Причините за оваа ситуација, според анализата, „не се само во областа на демографијата, туку се однесуваат и на социјалните предизвици со кои се соочи Грција во последните децении“.

За намалувањето на популацијата во земјата значајна улога игра и отселувањето на младите во странство, но и социјалните политики, „пред сè, условите за живот и работа“ и потребни се „драстични подобрувања во речиси сите области од секојдневниот живот: домување, работа, здравство, образование, бенефиции за семејството и децата итн“.

-Важно е да се разбере дека не постојат никакви шанси младите да се убедат дека треба да имаат (повеќе) деца „за доброто на татковината“, како што често се сугерира во јавниот дискурс. Секако ниту може да биде поттик каква било повремена политика на бенефиции (како на пример бонус за раѓање), која не им дава никаква гаранција на младите родители дека ќе можат да се справат со обврските околу одгледувањето едно или повеќе деца, со поддршка од државата, барем до полнолетството на децата, пишува авторката на истражувањето.

Посочува дека дискусијата треба да се фокусира на подобрување на условите за живот – вклучително и условите за домување – на младите.