Реклама

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Македонија

Наскоро тендер за изведувач на доградбата на двете згради за ФИНКИ

Наскоро ќе биде објавен тендер за изведувач на доградбата на двете згради…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Наскоро ќе биде објавен тендер за изведувач на доградбата на двете згради кај Ректоратот на УКИМ што ќе ги користи Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). 

Во моментов трае периодот за сугестии за архитектонското решение, кое се разликува од првичното од пред десетина години.

-Тоа мислам ќе се заврши многу скоро, во денови го броиме времето, потоа ќе се распише тендер за изведувач за доградбата. И тоа ќе трае најмалку шеесетина дена, или деведесет дена, и потоа ќе пристапиме кон реконструкција на овие згради – изјави министерката Весна Јаневска одговарајќи на новинарски прашања по увидот во завршните активности од темелната реконструкција на студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“.

Реклама

Како што рече, целата процедура траела малку подолго поради потребата да се утврди состојбата на недоградените објекти и  во колкава мера тие се оштетени.

-Овие згради 10 години стојат така непипнати, на време и невреме. Тоа го направивме со УКИМ, предводени од Градежниот факултет и претставници на многу факултети – Машинскиот, ФЕИТ, Архитектонскиот,  исто така беше вклучен и ИЗИИС. Тоа се направи, потоа побаравме идејно решение, добивме идејно решение, па распишавме повторно тендер за архитектонско решение и тоа е сега при крај. И тоа малку потраа затоа што фалултетите даваат сугестии за архитекстонскто решение, кое не е исто како тоа што било претходно – соопшти Јаневска. 

Минатата година беше одлучено двете згради во кампусот на УКИМ да му припаднат на  ФИНКИ, а за Факултетот за физичка култура (ФФК), за кој со планот од 2013 беше наменета еден од нив, ќе се гради објект на сегашната локација на факултетот.