Лажна била дојавата за бомба во Собранието на Република Српска, непосредно пред почетокот на денешната вонредна седница. По дојавата, пратениците, министрите во оставка, новинарите, како и персоналот на Собранието, ја напуштија зградата за да се направат неопходните безбедносни проверки.
Седницата требаше да почне во 10 часот наутро, но беше одложена за 11:30. На дневен ред на денешната вонредна седница на Народното собрание е разгледување и усвојување на одлуката за распишување референдум во врска со одлуките на Судот на Босна и Херцеговина и Централната изборна комисија да му се одземе мандатот на претседателот на Република Српска, Милорад Додик.
