Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Митева: Извештајот на ГРЕКО ја покажува работата на Владата, и движењето на Македонија во правилна насока

Портпаролката на Влада и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева вечерва…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Портпаролката на Влада и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева вечерва зборуваше за извештајот на ГРЕКО кој потврди видливи резултати во борбата против корупцијата во државата.

На Алфа телевизија, Митева на почетокот истакна дека после години на низа негативни извештаи со овој извештај Македонија оди исчекор напред и се покажува како одличен индикатор за тоа во каква насока се движи државата и сето тоа што е постигнато за една година.

„После години на низа негативни извештаи, на низа нотирани состојби коишто беа во насока на континуирана негација на состојбите коишто се случуваат во Македонија, на она што значеше презентација на Македонија, на она што значеше навистина институции кои што беа во криминал и корупција, добиваме еден исчекор напред, но е одличен показател индикатор за тоа во каква насока се движиме и што успеавме да направиме за една година“, рече Митева.

Реклама

Митева посочи дека извештајот на ГРЕКО ја покажуваат работата на Владата, како и исполнувањето на препораките кои даваат позитивна оценка за тоа како за една година се покажало различно ниво на функционирање на државата и различен систем на водење на институциите.

„Ако добро се погледне извештајот на ГРЕКО ќе се види дека навистина има состојби коишто означуваат работа на оваа Влада, исполнување на препораки коишто биле, остануваат уште неколку од нив коишто иако го затворија ГРЕКО извештајот со позитивна оценка сепак имаме цел како Влада и тие коишто се веќе се останати да ги реализираме, не радува ова дека е добар импулс, добар показател, дека за една година успеаваме да покажеме комплетно различно ниво на функционирање, различен систем на управување, различен начин на водење на институциите“, децидна е Митева.