Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Јавното обвинителство од Кочани побара притвор за бегалелката Ива Михаилова

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Куќниот притвор заменет со притвор за осомничениот за нападот врз Арсовска

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје ја уважи жалбата на Основното…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство и донесе одлука со која мерката куќен притвор за осомничениот С.Љ., инволвиран во нападот врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, се заменува со мерка притвор.

Како што соопштуваат од Кривичен суд, одлуката следува откако судот оцени дека постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и можност за повторување на делото, согласно член 470 став 1 точки 1 и 2 од Законот за кривична постапка. Оттаму наведуваат дека осомничениот е веќе спроведен во Затворот Скопје.

Инцидентот се случи на 11 јули 2025 година, кога градоначалничката Арсовска, заедно со градски службеници, извршувала увид на нелегален објект во изградба на улицата „Севастополска“ во Чаир.

Реклама

Првоосомничениот С.Љ., кој се претставил како сопственик на објектот, започнал со навреди и закани, а потоа и физички ја нападнал градоначалничката. Во моментот кога реагирале присутните службеници и полицијата, второосомниченото лице продолжило со вербални закани. Според обвинителството, со своите дејствија двајцата осомничени предизвикале чувство на страв и несигурност кај присутните.

Обвинителството покрена постапка против двете лица за кривично дело Насилство по член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. За првоосомничениот беше побарана мерка притвор, а за вториот осомничен – мерки на претпазливост, вклучувајќи забрана за приближување до оштетените, забрана за напуштање на живеалиштето, одземање на патна исправа и редовно јавување во суд.