Реклама

Тв Алфа ја посети Зоолошката градина по крвавиот случај со волците

Пренатрупаност, несоодветни материјални услови и здравствена заштита во затворите

Венецуела ден по разорните земјотреси- бројот на жртви расте, се бараат преживеани под урнатините

Бугарија има системска стратегија од 1968 година за рушење на македонскиот идентитет

Отчет на Мицкоски за две години влада: Економијата заздравува и расте

Со над 120 македонски уметници ќе се одбележат 35 години независност

Во вторник ќе се знае новиот владин кабинет: Некогаш реконструкција се прави промена на приоритетите

Алиу: За околу три недели ќе бидат објавени повиците за аплицирање за средства од програмата EU4Health

Алиу: Во политиката сум да променам нешто

Љутков: Две години процес на стабилизација, обнова и развој на културата и туризмот

Митева: Човек кој зад себе има огромни скандали и криминални состојби како Филипче, не може барањата за правда да ги претставува како закана

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот создава услови за поголеми инвестиции и поефикасна реализација на капиталните проекти

Македонија

ЕУ успеа да го изнервира дури и Димитров, човекот што стави потпис на Договор од Преспа и промената на името

А однесувањето на Европската Унија и гласањето во Европарламентот успеа да го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

А однесувањето на Европската Унија и гласањето во Европарламентот успеа да го изнервира дури и потписникот на Преспанскиот договор, екс-министерот Никола Димитров.

Човекот кој со еден потпис го промени името на државата – потег што за многумина во Македонија претставува предавство и капитулација пред уцените на соседите – сега, во улога на патриот, го критикува Брисел дека користел наратив што бил недостоен за Европа.

„Бугарија гордо го грабна вето-то, откако тоа прво ни беше ставено од Франција – ужасна геостратешка грешка на Париз. И сега, наместо да зборуваме за реформи, заглавени сме со срамни прашања од минатиот век, со наратив што едноставно е недозволив во 21 век во Европа – некој друг да ми кажува кој сум и каков јазик зборувам“, порача Димитров, на „СИМИ симпозиумот“ што се одржува по 27-ми пат во Грција.

Реклама

Само за потсетување, Димитров како министер за надворешни работи, и покрај противењето на мнозинството Македонци, го потпиша Договорот од Преспа, што според експертите претставуваше своевидна капитулација на Македонија пред уцените на Грција – договор кој ѝ даде мотив и сила на Бугарија да го прави тоа што го прави денеска во однос на македонската евроинтеграција.