Реклама
Македонија

Македонија е стабилна држава, нивото од терористички закани е ниско

Македонија е мирна и стабилна држав И е лидер на Балканот во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија е мирна и стабилна држав И е лидер на Балканот во превенција и борба против тероризам – велат од Националниот совет за спречување на насилен екстремизам. Од таму алармираат дека државата е соочена со домашниот национален екстремизам, што е со намален интензитет, но не е искоренет. Стратегијата на Владата е јакнење на институциите за сигурна држава. Според премиерот Мицкоски, насилниот екстремизам и тероризмот се последица на подлабоки институционални слабости, а нивното спречување мора да оди рака под рака со јакнење на институциите, владеење на правото и борба против корупцијата.

Знаеме дека екстрмизмот радикализацијата и насилството често цутат таму каде што државата е слаба а институциите се корумпирани. Нашата стратегија е јасна, градење на сигурна држава со функционални институции, професионална полиција и отпорно општество.Овој Комитет не е симболичен, туку оперативен инструмент и очекувам од сите учесници да дејствуваат коориднирановели претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Со заемна соработка на институциите на централно и локално ниво, ќе се заштити општеството од евентуален екстремизам и сите видови на радикално однесување велат членовите на советот. Приоритетите на Македонија ќе бидат спречувањето на онлајн радикализацијата и дејствувањето во време на терористички акти.

Реклама

“Во Македонија радикализација се одвива на идеолошка и верска основа на лев и десен радикализам, и она што е важно е што е присутен етно национализмот кој е на еден или друг начин политичките партии го поттикнуваат” – вели Павле Трајанов, член на Националниот совет за спречување на насилен екстремизам.

Според последните статистики, Македонија, важи за една од најмирните земји во регионот.И е на 38 место во светот по безбедност.