Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Министерот Минчев и Амбасадорот Рокас на средба со фокус за заедничка поддршка за реформите на јавната администрација

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денес оствари средба со Амбасадорот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денес оствари средба со Амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија, Н.Е. Михалис Рокас. Средбата беше фокусирана на значењето на неодамна усвоените четири клучни реформски закони – Законот за административни службеници, Законот за вработени во јавниот сектор, Законот за стручно усовршување и обука на јавните службеници и Законот за инспекциски надзор, како основа за изградба на праведна, професионална и департизирана јавна администрација.

Дополнително беа истакнати следните чекори во насока на нивна доследна и ефикасна имплементација, преку транспарентен процес и со силен политички и институционален ангажман.

Министерот Минчев го информираше амбасадорот Рокас и за подготовката на новиот пакет на реформски закони, кој ќе го надгради и заокружи процесот на стратешка трансформација на јавната администрација. Станува збор за:

Реклама

      •     Предлог-законот за систем на плати,

      •     Предлог-законот за високо раководна служба,

      •     Законот за организација и работа на органите на државната управа (ЗОРОДУ)

Од страна на Амбасадорот Рокас, беше поздравено донесувањето на усвоените закони како позитивен и охрабрувачки сигнал за посветеноста на државата кон европските стандарди во јавната администрација. Воедно, беше изразена поддршката и за новиот реформски циклус, со јасна заложба за доследна и транспарентна имплементација, во духот на принципите на добро управување.

Министерството за јавна администрација и Делегацијата на ЕУ ја потврдија заедничката заложба за континуирана соработка во насока на одржливи и системски реформи кои ќе овозможат ефикасна, отчетна и граѓански ориентирана јавна администрација.