Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

🎥 Мицкоски: Извештајот на ГРЕКО е признание за напорите на Владата во борбата против корупцијата, ќе продолжиме уште пожестоко

Денеска во владата се одржа седница на Националниот комитет за спречување насилен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска во владата се одржа седница на Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам. Во прилог интегрален текст од изјавата на претседателот на владата, проф. др. Христијан Мицкоски, по извештајот на ГРЕКО:

„Работата на Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам има особено значење за стабилноста, безбедноста и отпорноста на државата. Денешната седница ја третираме не само како координациска, туку како суштинска точка во еден поширок напор: напор да создадеме систем што ќе ги препознава ризиците на време, ќе реагира ефикасно и ќе обезбеди долгорочна заштита на граѓаните.

Насилниот екстремизам и тероризмот не се само закани по безбедноста- тие се индикатори на подлабоки слабости во системот. И затоа борбата со нив не може да биде изолирана, туку мора да се води паралелно со јакнење на институциите, на правната држава и на јавната доверба.
Воедно во оваа прилика дозволете ми да се осврнам на една блиска, но многу важна тема. Тоа е борбата против корупцијата. Кога ја презедовме одговорноста да ја водиме државата, најдовме институции заглавени во мрежа од злоупотреби, клиентелизам и системска корупција. Корупцијата не беше појава – беше правило. Правдата беше селективна. Владата беше сервис на моќни интереси, а не на граѓаните. Тоа беше сликата која ја наследивме. И затоа, една од првите и најрешителни борби што ја започнавме беше токму борбата против високата корупција. Во таа борба, денес имаме и прва поголема потврда од меѓународната заедница. По години на институционален мрак, извештајот на ГРЕКО кок вчера беше објавен е сигнал дека Македонија се движи напред, кон систем што функционира.

Реклама

ГРЕКО потврди: Македонија ја напушта ерата на селективна правда и политичка недопирливост.

Со затворањето на постапките за усогласување, Групата на држави против корупција на Советот на Европа испрати јасна порака: дека постојат видливи резултати, конкретни подобрувања и силна политичка волја за прекин со старите практики. Ова не е само административно признание- ова е институционална пресвртница. Првпат по долго време, државата не е предмет на критика, туку на признание за сериозен напредок во борбата против корупцијата. Тоа ни дава поттик, но уште повеќе носи одговорност. Борбата против корупцијата не е декларација туку системска промена што сега добива и меѓународна потврда.

Почитувани,

Знаеме дека екстремизмот, радикализацијата и насилството често цутат таму каде што државата е слаба, а институциите се корумпирани. Затоа, нашата стратегија е јасна: градење на сигурна држава, со функционални институции, професионална полиција и отпорно општество.

Овој Комитет не е симболичен, туку оперативен инструмент. И очекувам од сите учесници, безбедносни, општествени, образовни и локални да дејствуваат координирано, без одлагање и без калкулации. Продолжуваме со иста сериозност, без еуфорија, но со целосна трезвеност. Затоа што борбата за стабилна, сигурна и правична Македонија не се добива со зборови, туку со дела.“