Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Кривичен утре ќе одлучува по жалбата на ОЈО дали куќниот притвор за напаѓачот на Арсовска ќе го преиначи во затворски

Кривичниот суд утре ќе одлучува по жалбата на Основното јавно обвинителство –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кривичниот суд утре ќе одлучува по жалбата на Основното јавно обвинителство – Скопје, дали куќниот притвор за напаѓачот на скопската градоначалничка Данела Арсовска ќе го преиначи во затворски. Јавниот обвинител веќе достави предлог до судот за определување мерка притвор поради опасност од повторување на делото и можност за бегство.

Во саботата, скопското обвинителство отвори постапка против две лица по инцидентот во петокот на улицата „Севастополска“ во Чаир, при што физички беше нападната Арсовска. Според обвинителството, првоосомничениот маж, кој се претставил како сопственик на нелегален објект во градба, ја навредувал и ѝ се заканувал на градоначалничката, а потоа и физички ја нападнал додека таа, заедно со вработени од градските служби, вршела вонреден надзор на терен по добиена пријава.

За второосомничениот се предложени мерки на претпазливост: забрана за приближување и контакт со оштетените, забрана за напуштање на живеалиште, одземање на патна исправа и редовно јавување во судот.

Реклама