Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

📸 Трајановски: Ќе направиме сè што е во наша моќ најбрзо што може да го имаме на располагање целиот автопат

Директор на Јавно претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски присуствуваше на пуштање…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директор на Јавно претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски присуствуваше на пуштање во употреба на дел од автопатот Кичево – Охрид, во должина од 20 километри.

Целиот пост и фотографиите од автопатот Кичево – Охрид, можете да ги погледнете на официјалниот Фејсбук профил на Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, на следниот линк:

Тој во своето обаќање истакна:

Реклама

„Големо е задоволството на овој убав ден да Ви објавам дека од денеска може да ги извозите првите километри од автопатот Кичево-Охрид кои заедно со претседателот на Владата Христијан Мицковски, министерот за транспорт Александар Николоски,градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков, како и бројни,советници, пратеници и граѓани, кои беа присутни ги пуштивме во употреба со што ставивме во функција еден витален дел од автопатот кој е крвоток на патната инфраструктура и значително ќе го олесни пристапот до туристичките центри Охрид и Струга!

Ќе направиме сè што е во наша моќ најбрзо што може да го имаме на располагање целиот автопат иако пред нас сѐ уште има големи предизвици. Инаку, од Требеништа до Охрид ќе се вози по левата страна под времен режим на сообраќај додека на десната страна работиме интензивно со цел да го стави и тој дел од автопатот во функција. Изградбата на автопатската делница е најважниот потег за развојот на стопанството и туризмот во регионот и земјава и тоа е мотив плус да продолжиме со засилени градежни активности за реализација на овој капитален проект.

Во моментов и на останатите подделници градежните работи се одвиваат со силен интензитет, согласно со новиот динамички план за изградба на автопатот. Забрзано се градат и пристапните патишта од Врбјани до Сливово, Сливово-Арбиново, Арбиново-Издеглавје, Издеглавје-Песочани, Песочани-Ново Село, Ново Село-Ботун, како и на пристапен пат до село Горенци, село Оровник и Мешеишта. Изградбата на овие пристапни патишта е многу важна затоа што од нивната изградба зависи и пуштањето на делот од автопатот од Климештани до Охрид“, истакана Трајановски.