Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Економија

Дурмиши: Ќе донесеме ригорозни мерки ако имаме девијантно однесување од трговците

Во оваа година донесовме еден куп мерки со кои им излеговме во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во оваа година донесовме еден куп мерки со кои им излеговме во пресрет на граѓаните. Донесовме мерки со кои ги ограничувавме цените на основните прехрамбени производи. Ова е клучен сегмент во нашето министерство, истакна министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.

-Ограничувавме и по повеќе од 1000 производи, ги ограничивме цените, ги замрзнавме. По завршување на мерката, нормално дека ги гледавме податоците од релевантните институции. Покажаа дека во тој временски период не само што имавме стабилизирање на инфлацијата туку спротивно, имавме и дефлација. Во месец март имавме дефлација за 1,3% и намалување за 3% на основните прехрамбени производи. Овие беа краткорочни решенија за да им излеземе во пресрет на граѓаните поради однесувањето од страна на трговците. Знаеме дека тие, особено во време на празниците, знаат кои производи се трошат и ги покачуваат цените, рече министерот.

Дурмиши рече дека Владата „удрила“ баш на тие производи за да се држат цените на стабилно ниво.

Реклама

-Поранешната власт не ги поддржа домашните производители, не ги поддржа земјоделците со мерки да можат да произведуваат… Ние работиме на еден конкретен план каде што ќе ги поддржиме нашите земјоделци ќе влијаеме на цените на пазарот, рече министерот.

Дурмиши најави и дека доколку има потреба ќе донесат поригорозни мерки.

-Ако по завршување на нашите мерки кои што ги донесовме, ако имаме девијантно однесување без економски оправдувања од трговците, ќе донесеме поригорозни мерки, рече министерот.

Целото гостување погледнете на следниот линк: