Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Економија

ЕБОР и ЕУ помагаат да се подобри конкурентноста на приватниот сектор во земјава

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската Унија (ЕУ) го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската Унија (ЕУ) го поддржуваат приватниот сектор на Македонија преку идентификување на мерки за клучните приоритети и области на имплементирање на политиките, кои треба да ја зајакнат конкурентноста.

Овие напори, како што соопштија од ЕБОР, се поддржани преку Програмата Приоритети за политиката на конкурентност за Западен Балкан финансирана од ЕУ преку Инвестициската програма за Западен Балкан (Western Balkans Investment Framework – WBIF) развиена од ЕБОР во соработка со Центарот за напредни економски студии (Center for Advanced Economic Studies – CEVES) и нивните локални партнери.

Од ЕБОР велат дека програмата има за цел да идентификува и имплементира пакет на политички мерки за зајакнување на конкурентноста на приватниот сектор на Западен Балкан, вклучувајќи ја и Македонија.

Реклама

-На промотивниот настан одржан во Скопје, чинителите на програмата се собраа да поразговараат околу идентификување на политичките приоритети, вклучувајќи подобрување на услугите за инспекција, во насока на поттикнување на неформалната економија, рационализација на поддршката и финансирање на бизнисите, зајакнување на истражувањето и дигиталната инфраструктура, и справување со трудовите пазарни предизвици, преку таргетирани реформи и дигитални решенија, соопштија од ЕБОР.

Истакнувајќи го значењето од соработката во сите релевантни сектори, институции и граници, Фатих Туркменоглу, претставник на ЕБОР за Македонија изјавил дека напорите за соработка, преку приоритетите за политиките за конкурентност и регионалната меѓу граничната иницијатива, се основа за креирање на одржлива деловна клима која промовира иновација, поддржува дигитализација и ја зајакнува конкурентноста.

-Преку усогласување на нашите приоритети и придвижување од анализа во конкретни чекори, можеме да воспоставиме основа за посилна, поотпорна иднина за нашата регионална економија, посочил Туркменоглу.

Од ЕБОР посочуваат дека како следен чекор, релевантните институции ќе добијат техничка помош, финансирана од ЕУ, која ќе им помогне во имплементација на идентификуваните и договорените политички мерки, неопходни за да им помогнат на микро, малите и средните претпријатија да станат поконкурентни во регионот и пошироко, како и да се овозможи институциите со мандат на мали и средни претпријатија да им бидат од подобра корист.

На настанот присуствуваа претставници од владините институции, кои ја истакнаа важноста на дискусиите на тркалезна маса, како и резултатите од извештајот, кои се согласно најновите развојни активности во земјата, поточно новата Стратегија за паметна специјализација и новата Стратегија за мали и средни претпријатија (кои во моментов се поставени на платформата ЕНЕР, заедно со нивните акциони планови. Тие ја изразија подготвеноста да работат заедно, во насока на успешно имплементирање на одбраните приоритети.

ЕБОР е водечки институционален инвеститор во Македонија и има инвестирано над ЕУР 2,9 милијарди во 198 проекти.