Реклама

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

Македонија

Општините со комуналните полицајци ќе мора да ги зајакнат комуналните надзори

Согласно новите измени на Законот за локална самоуправа, комуналните редари или полицајци…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Согласно новите измени на Законот за локална самоуправа, комуналните редари или полицајци ќе бидат задолжителни за општините и нема да имаат избор дали да ги интензивираат комуналните контроли или не. Ова го истакна министерот за локална самоуправа, Златко Перински, на консултативната средба со градоначалниците од Пелагонискиот регион и други граѓани во Битола.

„Комуналните редари веќе се предвидени во Законот за комунални дејности, но кога ќе бидат вклучени и во Законот за локална самоуправа, тоа ќе стане обврска за градоначалниците. Овој вид на дејност ќе биде под ингеренции на локалната самоуправа и ќе се регулира со Законот за комунални дејности, каде што е опишана целата проблематика. Целта е да се спречат девијантни појави кај мал број граѓани кои неадекватно депонираат отпад или неправилно постапуваат со урбаната опрема, за која локалните самоуправи вложуваат значителни средства. Намерата е да се поправи тоа однесување, да се превенира и да се создадат пофункционални и убави живеалишта“, изјави Перински.

Во општините веќе функционираат одделенија со комунални инспектори, но градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, нагласи дека тие често немаат доволни ингеренции за да реагираат на одредени девијантни однесувања, а и пријавите тешко се процесуираат преку правниот систем.

Реклама

„Се соочуваме со многу проблеми. Кога дојдовме на власт пред три години, се обидовме да ангажираме луѓе од постоечкиот капацитет на локалната самоуправа, но и надворешни со добри брендови, за да се справат со проблемите како неформална продажба на пазарите, депонирање отпад и слично. Меѓутоа, тие немаат ингеренции и луѓето беа свесни дека не можат да дејствуваат ефикасно, па акциите не успеваа. Се трудиме со нашиот инспекторат, но имаме проблеми со луѓето кои знаат дека нема да бидат казнети или дека процесот на казнување е бавен и сложен“, рече Коњановски.

Тој додаде дека одделението за комунална инспекција во Битола има и други инспектори, како градежни, и дека брои околу шест до седум вработени, но и понатаму недостасуваат ингеренции.

Законот за локална самоуправа, кој е стар 20 години, потребно е да се измени за да се подобри квалитетот на локалните услуги. Во него се предвидува и можноста за отповикување на градоначалник. Консултативните средби започнаа од Битола, со цел транспарентно собирање на предлози од граѓаните и претставниците на локалните самоуправи, кои на крајот ќе доведат до добри законски решенија. Овој процес е поддржан од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Швајцарската амбасада.