Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Прилози

ДУКОВСКИ: Зошто Обвинителството побaра само одземање на пасошот на кумот на Заеви, а сомнежот е за организиран криминал?

Струмичкиот бизнисмен Ристо Кмрзов осомничен за затајување на данок и регистрирање на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Струмичкиот бизнисмен Ристо Кмрзов осомничен за затајување на данок и регистрирање на фантом фирми преку кои цицал од државниот буџет со поврат на лажен ДДВ, е дома без пасош, а за телесна повреда луѓе завршуваат во притвор. Дел од адвокатите кои работат кривични постапки се чудат на однесувањето на Обвинителството кое за кумот на Заеви побара да остане само без пасош со оглед на тоа што се работи за организиран криминал и штета на државната каса од над 14 милиони евра.

Засега Обвинителството води предистражна постапка за Крмзов. Тој е сослушан во Судот минатиот месец додека УЈП и МВР му ги претресуваа фирмите и становите. Покрај него, Обвинителството сослушало уште тројца, но тие веднаш се пуштени и не стигнале ниту до Судот. Ниту тогашната директорка на УЈП, ниту директорката на Централен регистар, никој не е опфатен во предистрагата иако е очигледно дека Крмзов без поддршка на институциите не можел да регистрира фиктивни фирми и да зема лажен ДДВ.

На прашање на Алфа што прави Обвинителството за организиран криминал во врска со случајот, одговорија кусо. Обвинителот презема дејствија.

Реклама

Предметот за кој покажувате интерес е во предистражна постапка и по него активно постапува предметниот обвинител преземајќи дејствија во насока на расчистување на случајот, велат од Обвинителство.

И државниот обвинител во гостување на јавниот сервис веднаш по претресите не беше сигурен дека има доказен материјал за струмичката империја на Крмзов направена преку криминална шема. Било многу рано за да може да знае.

Според информациите, над 8 милиони евра се префрлани на сметки во Турција од фирмите на Крмзов коишто се задолжувале во пропадната банка Еуростандард.

Крмзов веројатно имал спрега и со Јавното Обвинителство чии предмети за поранешен сомнеж за криминал биле чувани во фиока. Ако не било така, упатени коментираат дека и немало да дојде до милионската штета во Еуростандард Банка.

Воедно, истрагата ја вклучува и Царинската управа каде за еден камион увезена роба се плаќало царина од само 1.500 евра, а за истата роба во последниот период по смена на раководството на Царинска управа, се плаќало дури за 15 пати повисоки давачки. Фрапантно е како директорите на УЈП, Сања Лукареска, потоа директорите на Централен Регистар и тогашна Царинската управа останале слепи на ваквиот криминал.